Многу фестивали започнале од една желба, искра, идеа и прераснале во вистински промотори на градовите. Битола има локација, услови и урбана младина. Смолево – блиску не смета на никој, идеално
место за организација на летен фестивал кој има одлични предуслови со поддршка на
општината и сите локални фирми и поединци да прерасне во вистински промотор на градот и
да генерира дополнителни приходи за сите.

Еден од најпрепознатливите вакви фестивали во нашата околина е EXIT, музички фестивал кој се одржува еднаш годишно на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, почнувајќи од 2000 година, и обично трае четири дена. Важи за еден од најголемите музички фестивали во југоисточна Европа.

Покрај титулата „најдобар европски фестивал“ освоена на Европските фестивалски награди во Холандија, 2014 година со 620.000 гласови од целиот свет, Егзит во 2007 година е прогласен за најдобар европски фестивал и на Британските фестивалски награди. Фестивалот добивал признанија и за него било пишувано од медијските магнати како Си-ен-ен, Би-би-си, Тајм, Гардијан, Сан, Дејли мејл, Индепендент. Околу три милиони луѓе од над 60 држави во светот го посетиле фестивалот кој бил домаќин на најголемите музички ѕвезди на денешницата како и многубројни домашни и регионални ѕвезди.

Започнувајќи од јули 2014 година EXIT има продолжение на плажата Буљарица и Џез во Будва, Црна Гора како SEA DANCE FESTIVAL каде како гости присуствуваат илјадници љубители на музиката и забавата од целиот свет. Таа релација може да ја поврзи и Битола, во околината на познатото Смолево и кругот на познатага тврдина Џепане. Тоа сега е дел од програмата на кандидатите за советници од Поинаку и на нас самите останува дали ќе се оствари или не. (65)