Уште еден ладен јануарски ден. Битола си е убава како Битола, но е уште поубава горе на Пелистер. Лаки едвај ја дочека Мартина да стани од спиење. Сатот се ближеше 9. Трчајки влезе во нејзината соба. Ав,ав залаја двапати и му рипна одозгора на јорганот. Со носот и јазикот почна да ја душка и полека да ја расонува. Ајде Мартина станувај. Ја читав приказната за најмалите бордери, Андреј и Евгениј од Битола и се восхитив на нивниот ентузијазам и храброст. Ајде побрзо, да одиме заедно на бордање на Копанки каде ќе се запознаеме и ќе бидиме заедно со нив. Мартина се разбуди со насмевка… “Ах бе Лаки, Лаки” итајќи шо побрзо да се спреми и за половина час заминаа со нивниот автомобил.
Тој ден за првпат Лаки се возеше со жичара. Тоа за него беше ново и неописливо искуство. Беше многу возбуден и среќен.
Денот си го поминаа прекрасно.
Си бордаја заедно, со трчање и паѓање по цела стаза, од најгоре па се до најдолу и пак на жичара, неколку пати…
Паузираја само за кратко, таман да испијат по еден чај од кај Мацата.
И така цел ден. Релаксирано, забавно и исполнето.
Ти благодарам Мартина, ѝ рече Лаки, без твоето друштво ниту еден ден не би ми бил интересен…