РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Цветан Кузманоски го продолжи договорот со нашиот клуб до јуни 2025 година. Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, па веруваме дека довербата во репрезентативен калибар како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот. 22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

Цветан Кузманоски: Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола.

https://m.youtube.com/watch?v=QIPx_kJJhws&feature=youtu.be