Нашиот битолчанец Филип Кузмановски го „наполна“ голот на Штутгарт

од March 24, 2022 0 коментари

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски одигра врвен натпревар во Бундеслигата, еден од најдобрите по неговиот трансфер во оваа лига.

Хановер на домашен терен убедливо го доби Штутгарт (33-23), а македонскиот среден бек беше главен креатор на победата меѓу стрелците. Кузмановски го заврши натпреварот со девет постигнати гола од 12 обида и беше прв стрелец на мечот.

Babam Bitola

Comments are closed.