hdr

Битолчани велат секоја куќа, своја приказна. Распослани низ целиот град покрај убавината која многу години ја имаат и некако како на среќа ја зачувуваат, ја чуваат и својата мистерија која битолчани најповеќе сакаат да ја дознаат. Низ приказна барем малку се доживува тој еден мал дел од таа некогашна битолска историја и вистински се добива една појасна слика која ја преставува нејзината убавина и надалеку препознатлива архитектура, која ја нема многу на територијата на Р.Македонија.

Многу историја и многу убава архитектура…

Некогашното живеалиште на др.Абраванел на ул.Рузвелтова

Некогашната куќа каде дел од својот живот поминал др.Абраванел…

Некогашните наши сограѓани Сефардските Евреи во еден голем период од 500 и повеќе години,биле една од алките на битолскиот еснаф и соживот.Сограѓани чиј живот, за жал, на вкупно 810 семејства од Битола, им беше насилно прекинат. Нашите соседи беа собрани во битолскиот монопол и за десет дена биле интернирани преку Скопје во злогласниот концентрационен камп Треблинка.

Автентичниот стил задржан благодарение на грижливоста од сегашните домаќини

Од сите тие кои беа во Битола само дваесет и пет млади Евреи, дваесет и пет млади гулаби станаа припадници на тогашната Партизанската илегала кои успешно се извлекоа од окупираната Битола и им се придружија на партизанскиот одред “Гоце Делчев”.

Поради потребата од доктори во Битола,од собраните битолски Евреи само едно тричлено семејство беше ослободено од Бугарските окупаторски сили и им беше дозволено да се вратат.

Тоа беше семејството на др. педијатар Хаим Абраванел (Chaim Abravaneli) заедно со неговата сопруга Берта, и ќерката Рени (Reyna) која исто станува доктор.

За време на окупацијата биле единствено Еврејско семејство на доктори се грижеле тука за своите сограѓани битолчани.

Рени потоа се активира во партизанското движење каде го запознава својот иден сопруг битолскиот Евреин др.Салватор Леви, кој пред војната студирал медицина во Скопје.

После завршувањето на војната Рени и Салватор заедно работат во ординацијата на др.Абраванел која се наоѓала во дворот на семејната куќа.

 

Др.Абраванел со својата сопруга Берта кон крајот на ’50те се иселува во Израел од како се пензионирал како еден од повидните доктори во градот. Семејството Леви се сели во Скопје каде Салватор и Рени работат како доктори и ја добиваат ќерката Рашела. Во 1963 год Скопје го погодува разурнувачкиот земјотрес каде Рени и Салватор Леви трагично загинуваат оставајќи ја зад себе седум годишната Рашела, трагедија послем која др.Абраванел се враќаат од Израел во Битола со својата сопруга. Ја земаат со нив малата Рашела Леви назад во нивната нова татковина Израел каде продолжуваат понатаму.

 

 

Манаки на преглед кај др.Абраванел

Деновиве Рашела беше гостинка во нашиот град. Заедно со еминентни и значајни личности од Еврејската заедница положија цвеќе пред Уредот и заеднички маршираа до железничката станица во Битола. Таму исто така положија цвеќе на шините од каде заминаа возовите за Треблинка и упатија порака до цел свет: “Никогаш повеќе!”- Да не се повтори тој тажен 11 Март 1943 г….

Да ја поздравиме и им изразиме голема почит на нашите некогашни сограѓани…

Да не се повтори и заборави, никогаш повеќе!…

Извор www.yadvashem.org

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here