Арт Деко , понекогаш именуван како Деко, е стил на визуелна уметност, архитектура и дизајн што првпат се појави во Франција непосредно пред Првата светска војна . Арт Деко влијаеше на дизајнот на зградите, мебелот, накитот, модата, автомобилите, кината, возовите, океанските бродови и секојдневните предмети како радија и правосмукалки. Го зеде своето име, скратено од Arts Décoratifs , од Exhibition internationale des arts décoratifs et industriels modernes (Меѓународна изложба на модерни украсни и индустриски уметности) одржана во Париз во 1925 година. Ги комбинираше модерните стилови со фина изработка и богати материјали. За време на својот најславен период, Арт Деко претставуваше луксуз, гламур, раскош и верба во социјалниот и технолошкиот напредок.
Во 1930-тите, за време на Големата депресија , Арт Деко се покори. Пристигнаа нови материјали, вклучувајќи хромирање , нерѓосувачки челик и пластика . Елегантен облик на стилот, наречен Streamline Moderne , се појави во 1930-тите; се одликуваа со форми на закривување и мазни, полирани површини. Арт Деко е еден од првите вистински меѓународни стилови, но неговата доминација заврши со почетокот на Втората светска војна и подемот на строго функционалните и не украсените стилови на модерна архитектура и меѓународниот стил на архитектура што следеше после тоа(1).
Во Битола имаме неколку интересни објекти кои се знаменити со нивната АРТ ДЕКО архитектура и тоа Американската куќа на ул. Гаврило Принцип, куќата на фамилија Петрови, куќата на Мачкич, Народната Банка и др.
Станбениот објект на некогашното познато семејство Петрови („Браќа Петровиќ“)

се наоѓа на аголниот дел од две крајдрагорски улици, „Судска“- бр. 2 и „Борка Левата“- бр. 2 и според пишувањето во книгата „Градби“ на Александар Стерјовски таа има мошне интересна фасадна изведба, високи визбени простории, приземје и еден кат, како и подпокрив, кое се уште не е оспособено за живеење.

Визби има 7, а на катовите по 6 соби, со вкупна површина од 140 метри квадратни за секој кат и е еден од посовремените станбени објекти. Подигнат е во 1937 год. на место каде претходно имало друг, во кој, според градските преданија, живеел последниот османлиски претседател на градот, Омер Шукри беј, кој го отуѓил во 1932 год. за 75.000 дин., незабележана дотогаш висока цена.

За време бугарската управа од Втората светска војна бил пренаменет и служел како „Сметната палата“, а подоцна во него нашле станбен престој офицери на Југословенската народна армија, додека на сопствениците им е вратен во 1953 год., кои потоа дел отуѓиле.

(1)Википедија