КУД Илинден Битола бил дел од програмата за пречек на штафетата на младоста во 1984 година, заедно со познатиот битолски пејач Сефедин Бајрамов.
Штафетата на младоста пред да биде однесена на стадионот ЈНА во Белград на 25 мај, изминувала пат низ сите југословенски републики и речиси во сите градови, за пречекот на штафетата во секој град се организирала програма за соодветен пречек и испраќање.
КУД Илинден Битола како најстаро КУД во Битола било дел речиси на сите културни програми кои биле организирани за различни пригоди во својот град.

65 години чувари и презентари на македонскиот фолклор….

КУД ИЛИНДЕН БИТОЛА