Без трошка љубов и чувства во Битола, ќе заминува на пат кон ЕУ или Англија. Звучи познато? Можеби Ви заличи на наша позната човечка судбина, но за жал овој пат тоа не е така и баш напротив, тоа е моменталната ситуација на едно битолско куче, милениче, предизвикана од човечки фактор.

Како што сами раскажуваат од здружението Нала Догс Рескју на светот има многу луѓе кои сакаат да ја покажат својата сила на малите и беспомошни суштества. Всушност, ние не мислиме дека тие можат да се наречат луѓе. Има само едно име за нив – чудовишта.
Пред само неколку месеци вакво чудовиште го претепа ова прекрасно куче. Можете ли да замислите? Излегува од дома, зошто? Да претепаш невино куче? Тоа е едноставно неверојатно и неверојатно сурово. За среќа нашата активистка Марија набрзо потоа го пронашла кучето и веднаш му помогнала… стои во нивното обраќање.

Поздравете го Купидон

Оваа не толку мала снежно бела топка од крзно е стара 8 месеци. Тој ќе биде среден до голем по големина. Купидон е многу сладок и исклучително пријателски настроен. Добар е со други кучиња, дури сака да си игра со мачки. И околу луѓето, тој е едноставно симпатичен. Зошто некој би сакал да повреди вака душа, никогаш не би сфатиле. Купидон е многу љубезен, добро воспитан и мирен. Сака да лежи под сонцето, да ужива и да трча наоколу со своите пријатели. Сака и да се фотографира. Како што гледате тој е прилично фотогеничен.

Купидон е во ред со прегледите на ветеринар. Тој е здрав, целосно вакциниран, исчистен од внатрешни и надворешни паразити. Моментално се наоѓа во нашето прифатилиште во Битола,, Македонија, но тој е подготвен да патува во Обединетото Кралство или земјите на ЕУ. Пред неговото заминување ќе направиме и крвни тестови, биохемија и 4д тест… е посочено на крајот од нивната објава.

Толку како луѓе не можеме и не сме способни да им дадеме барем малку љубов во замена за нивната верност и дружење до бескрај?

Толку не знаеме нашата човечност да ја припитомиме кон овие души бидејќи не сме само ние на овој свет, а тие се единствените суштества на земјата кои би Ве сакале повеќе од самите себе и како нас не можат да живеат без друштво!?

Апел до сите вас кои размислувате еден ден да имате свое милениче, бидете малце почовечки кон нив бидејќи покрај многуте луѓе кои кучето ги има во животот, тоа бира само една посебна особа на која ќе ѝ даде најмногу љубов и внимание, а таа не смее да разочара и тоа не смеете и вие да си го дозволите. Кучињата си имаат свој начин како сами да си го пронајдат баш оној кој им е потребен.


Голем поздрав и благодарност до Марија за нејзината хумана мисија во Nala Dogs Rescue