КРОШУ ДЕЦА

Весела и разиграна атмосфера, многу насмевки, дружење, но и едуцирање е атмосферата која владее во просториите на КроШу деновиве.

Имено, во текот на две недели, повеќе 800 деца на вработените во КроШу се во посета на работните места на своите родители.

Во текот на овие две недели, децата ќе имаат можност да се дружат со своите врсници, родителите, останатите вработени, но и со омилените ликови од бајките и цртаните филмови. Да запознаваат нови другарчиња, да создаваат нови пријателства, а истовремено да се запознаат со она што го работат нивните родители, но и да стекнат нови знаења и вештини.

За децата има неколку посебно осмислени програми кои ќе го направат целото ова дружење не само забавно и весело, туку и едукативно, со особен акцент на поттикнување на социјализацијата преку игри и дружење.

Една од активностите во склоп на посетата на децата се состои од запознавање на производствениот процес во фабриката, при што тие беа прошетани низ целокупниот производствен процес.

Целта на оваа активност, беше децата да се запознаат со она што го работат нивните родители и да согледаат како секој родител, придонесува за успешен производствен процес. Со самото тоа, децата стекнуваат нови знаења, нови увиди во работното место на родителите, со што се придонесува за уште поголемо зближување на децата со родителите и тоа на самото работно место на родителот.

Со слична цел се изготвени и посебно дизајнирани симулирани табли за децата, кои се едни од најинтересните активности за нив.

Имено, овие симулирани табли се со ликови и форми соодветни за детската возраст и нивните интереси, а децата нив треба да ги оформат и поврзат со жици, што потсетува и е слично со работата на нивните родители. Децата уживаат во секој момент на овие зададени задачи и играат концентрирано и посветено со цел успешно да ги завршат и да го оформат омилениот лик со жици.

Оваа активност, не само што е интересна и забавна за децата, туку и едукативна и ги приближува кон подобро запознавање на работата на родителите. Особено важно е да се напомене, дека ваквите активности за децата се многу важни за нивниот когнитивен развој. Преку овие игри се развива нивниот когнитивен процес, логичкото размислување, моторичките способности, стекнуваат поголема самодоверба, но и успешно се социјализираат и развиваат тимски дух.

Покрај игрите наменети за децата, за нив се приготвуваат и посебни оброци направени во форма на познатите ликови од цртаните филмови. Овие оброци предизвикуваат вистинска радост кај децата, не само поради интересните форми, туку и поради одличниот вкус.

Ликовите од бајките, цртаните филмови и суперхерои ( Елза, Халк, Супермен ) ги пречекуваат децата секој ден во просториите на КроШу и тие можат да се забавуваат и сликаат со нив.

За децата се предвидени и подароци, кои тие ги добиваат на крајот од дружењето. Подароците се двојни, а се состојат од крпа за плажа и училишен прибор. Со тоа на децата им се посакува забавен и весел летен распуст, но и потсетување на училишната година која следува. Подароците за децата се одличен спој на забава и едукација, токму така како што е организирана и оваа нивна посета на КроШу. Да се забавуваат, да се дружат, да уживаат во летото, но и да се посветени и одговорни кон нивниот едукативен процес и кон нивниот личен раст и развој.

Многу од децата за првпат имаа можност да се запознаат со она што го работат нивните родители и да ги расположат во текот на работата.

Насмевките на нивните лица и веселиот детски џагор низ просториите на КроШу, во текот на овие две недели, внесе прекрасна и разиграна атмосфера во која уживаа и на која и се радуваа и децата и вработените.

Исто така, несебичната поддршка од соработниците на оваа голема компанија со уште поголемо срце надополни за атмосферата да биде токму онаква каква што беше и замислено. Безбедниот превоз за дечињата овозможен од МиГ травел, превкусните оброци од Марио Матео и безбедноста за време на целата посета од страна на Перпетуумобиле и Битолска амбуланта беа клучните фактори за успешна реализација.

„Детето на кое му се посветува доволно внимание, правилно ќе се развива“.

„Детето на кое му се посветува доволно внимание, правилно ќе се развива“.