Претходниот викенд во Битола, за прв пат се одржа кросфит натпревар X-Fit Challenge. Натпреварот беше од интерен карактер, пријавените натпреварувачи беа исклучиво членови на Кросфит заедницата во Битола.
Зборувавме со организаторот на натпреварот, битолчанката Елисавета Димовска која е тренер во спортскиот центар О2 Universal – Битола:
Пред точно 1 година кога започнав да работам како тренер, имав замисла, визија да остварам ваков настан и во Битола. Секако тоа немаше да биде можно без поддршката која ја имав од натпреварувачите и од оние кои ми помогнаа во организација на настанот, Андријана Димитриевска, Игор Георгиоски, Дејан Лозановски и нашиот водител Петар Младенов.Натпреварот го организиравме интерно, бевме поддржани од O2 UNIVERSAL , INTERWORKS, DE- LO HIGIENA, LINARA PRODUCTION, HOTEL EPINAL, BABUK, AQUA PELAGONKA, BABAMBITOLA.МК.Натпреварот се одржа во спортската сала на СОТУ ,, Ѓорѓи Наумов ‘’ Битола, започна во 14 часот, со 2 преквалификациски настани, во финале влегоа 6 натпреварувачи од двете категории – мажи и жени, од вкупно пријавени 24. Награди и медали имаше за првите 3 места oд двете категории.
Први 3 места од женска категорија
Кристина Размоска
Елена Јовчевска
Андијана Јанкулова
Први 3 места од машка категорија
Никола Дамјановски
Ѓорѓи Капурановски
Илија Гарески
Се надевам дека во иднина почесто ќе може да се организира ваков настан во нашиот град, бидејќи има доста луѓе кои напорно тренираат и го сакаат овој спорт и заслужуваат најдобро. Ја имам честа да формирам заедница од прва генерација на кросфитери во Битола, секој од нив е победник без разлика на пласманот. Сведок сум на тоа како се победуваат сами секој тренинг и стануваат подобра верзија на себе.Следна сезона, во Април, планираме да го прошириме настанот и да стане традиција во нашиот град.