Како најголема компанија во Македонија која вработува повеќе од 6000 жители од пелагонискиот регион, нормално е секојдневно да се среќаваме со ситуации кои често бараат и вклучување на јавните служби бидејќи самиот број на вработени налага соработка со многу надворешни субјекти во различни области. Исто така, бидејќи грижата за вработените е на прво место, самата компанија превзема голем број на активности кои придонесуваат кон унапредување на нивното здравје и безбедност, како и целокупниот квалитет на живот во заедницата, главно преку остварување на редовна соработка со Полицијата во Битола и Клиничката болница „Д-р. Трифун Пановски – Битола“.
И двете установи располагаат со професионалци кои одбрале професија која побарува пожртвуваност, посветеност и воопшто не е лесна. Професионалци кои одлучиле да останат тука и да помагаат на своите сограѓани и да се грижат за нивната безбедност и здравје како основа за исполнување на животните потреби на секој од нас. Во двата случаи, се работи за професија која што мора целосно да се сака, која бара посветување и професија која некогаш нема работно време, нема работни саати, нема точни инструкции и точни зададени работни задачи, нема простор за одмор и нема цена.
Мора да признаеме дека примената на законските регулативи, придржувањето кон заклетвите кои истите тие ги положиле и објективноста во секоја ситуација е доста предизвикувачка и е потребен карактер и професионализам за да се одговори на секојдневните предизвици. Сите доктори и медицинси персонал со кој што соработуваме а се дел од болницата „Д-р. Трифун Пановски – Битола“., како и сите инспектори и службени лица од МВР Битола, пред сѐ се големи професионалци, а потоа се и големи луѓе со искрена желба, мотивираност, со голема посветеност и огромно срце да си ја извршуваат својата должност, и тоа не заради што тоа им го налага само професијата која што ја одбрале, туку и поради нивниот карактер, човечност, хуманост и желба да направат промени во опшеството каде што живеат. Тоа го докажале во сите ситуации каде што целосно се посветија да се заврши сѐ најдобро и во одреден рок.
Голема благодарност изразуваме до сите вработени од болницата „Д-р. Трифун Пановски – Битола“ и особено ги издвојуваме:
· д-р Александар Димовски
· д-р Сашо Василевски
· д-р Весна Шикловска
· д-р Ирена Трајчевска
· д-р Лидија Димитровска
· Како и до Директорот Зоран Лазаров што ја води оваа установа.
Што се однесува до здравјето и грижата за вработените, откако е започната со работа компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола често се случува и жителите од целиот пелагониски регион да бидат згрижени или лекувани во болницата. Самата експертиза на медицинскиот персонал и новитетите кои се вклучени во истата се причина повеќе за заедно да се вложуваме кон подобрување на здравјето на нашите сограѓани и вработени бидејќи само навремените интервенции може да водат кон подобро здравје и подобар живот. Поради тоа компанијата останува посветена секогаш кога приликите тоа го дозволуваат, да придонесе со набавка или обновување на нови апарати со цел да се подобрат условите за работа на медициснкиот персонал во болницата.
Голема благодарност изразуваме до сите припадници на МВР Битола и посебно ги издвојуваме:
· Виш инспектор Kомандир на ПО Велушина – Александар Крстевски
· Инспектор за ЈРМ и превенција ПО Велушина – Бујар Салиу
· Дежурен полицаец во ПО Велушина – Наум Стефоски
· Началник за компјутерски криминал – Благојче Крстевски
· Инспектор за компјутерски криминал – Горан Јаневски
· Водич на безбедносен реон во ПО Велушина – Мимоза Ристевска
Самата политика на компанијата се води од фактот дека секој треба да ги почитува законите кои важат за целата држава и дека секој прекршок треба да биде соодветно санкциониран. Голем дел од ситуациите првенствено ги решаваме интерно во рамки на фабриката и нашите процедури, меѓутоа во некои случаи, како според закон така и според специфичноста на приликите, потребно е експертско мислење и искуство, односно вклучување на претставници од Полиција. Поради тоа компанијата останува посветена и секогаш стои на располагање на сите припадници на МВР Битола со цел зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните во регионот.
БЛАГОДАРИМЕ за професионалноста, објективноста, грижата и соработката!
Благодариме за досегашното залагање и ве уверуваме дека и понатаму може да сметате на нашата поддршка.
Со почит и надеж за уште поквалитетна соработка во иднина, срдечно се заблагодаруваме за сé што правите секој ден во служба на јавниот интерес.
Со почит,
Менаџерски тим на КШМК