Повторно покачување на плати!?
И повторно по кој знае кој пат- КРОШУ се први и трендсетери и само покажуваат како се може и во Македонија!
Во последниот период по низа настани со кои конечно и за среќа започнавме да нижиме позитивни резултати во музиката, во спортот, уметноста, веќе е време тоа да го покажеме и во економијата и бизнисот. Кога конечно започнавме да одработуваме со срце, душа и посветено во она што сме најдобри, резултатите се секогаш неминовни! И нормално тука први, бизнис шампиони, кои како и до сега “повлекуваат нога” се битолската компанија КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола стационирана во индустиската зона “Жабени” која во своето семејство веќе брои повеќе од 6500 вработени од цел Пелагониски регион.
Она што неколку пати и претходно сме го пишувале, а останува исто или само се зголемува е дека една од одликите и атрибутите на оваа компанија е третманот кој го добиваат вработените бидејќи тие се клучната алка во целиот производен процес. Мисијата на Oдделот за Човечки Ресурси е максимална посветеност и вложување во мотивираност и развивање на потенцијалот на највредниот фактор во 21 век без кој не би се постигнале зацртаните цели и планови.Филозофијата според која се води оваа компанија е: градење на заедништво, слога и припадност, каде секој придонесува согласно индивидуалните способности и обврски, знаење и искуство, преку тимска работа и позитивен однос за доброто на целата организација и сите нејзини членови.
Од досегашното истражување може да се заклучи дека вработените кои се дел од најголемата компанија во Пелагонискиот регион, уживаат во многубројни поволности како што се: редовно покачување на платата, организиран превоз и обезбеден оброк, можности за унапредување, многубројни деловни патувања ширум светот, посетување на обуки, купување на производи на рати или по намалени цени, присуство на забави, културни настани, хуманитарни акции за поддршка на оние на кои им е најпотребна помош, спортски активности кои се организирани во нивна чест и многу други работи по кои тие се препознатливи.
Од сите претходно наведени бенефити, најзначаен е фер и коректниот однос кој го има компанијата спрема своите вработени, а за истото да биде спроведено главен виновник е Одделот за Човечки Ресурси и целиот менаџерски тим кој секојдневно дише и работи во интерес за своите вработени.За разлика од останатите, КШМК е компанија која е посветена да им обезбеди на своите вработени нешто повеќе секоја година, и не само што се воведуваат разни бонуси туку во изминатите години повеќекратно ги зголеми платите и со тој чекор само потврди дека заслужено ја носат титулата Трендсетери во мисијата за среќни и задоволни вработени!Помалку познат факт е дека иако постојат разни гласини за оваа компанија, КШМК нескромно може да се пофали дека им покажа на останатите компании на нашите простори како правилно може да се работи и воведе бројни новитети во начинот на работење и управување кои денес се копираат и применуваат од страна на многу компании. Крошу беа првите во Македонија , сега кога се соочуваме со безмалку исцрпен пазар на работна сила во државата, останатите се обидуваат да го следат нивниот пример.
Сведоци сме дека повеќе компании во изминатиов период организираат отворени денови, ги отвараат вратите за дечињата на вработените, креираат апликации за вработување, делат подароци, организираат забави, прават видео клипови за промовирање на работните услови… како што велат од компанијата, тоа е „Крошу ефектот“ во Битола и пошироко.Дополнително, иако Крошу не практикуваат да се фалат кога станува збор за нивната докажана општествена одговорност, вредно е да се спомене дека не постои друга компанија во регионот која толку редовно и посветено поддржува и одвојува средства за општествено корисни проекти и настани, здравствена грижа за населението, грижа за децата, образованието, медицински третмани за поединечни граѓани на кои тоа им е потребно како и многу значајни културни и спортски настани во градот и пошироко. Како што често велат од компанијата – така се сака Битола и регионот, без многу галама, со дела.
Во контекст на сé погоре кажано, постои една стара изрека која вели: „Играчите играат, публиката (фанови и хејтери) навива“, или со други зборови: не верувајте премногу на разни гласини кои ги слушате бидејќи секоја нова идеја поминува прво низ фаза на критикување и сомнеж, па откако ќе се согледаат позитивните ефекти (благодетите) од нејзината примена следува фазата на нејзино копирање и спроведување.
И за крај уште нешто 🙂 Кога носите круцијални одлуки во животот секогаш следете и слушајте го внатрешниот глас кој најдобро и најправилно ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор за себе! Не бидете заслепени од негативните работи, случувања или луѓе околу вас. Препознавајте и славете ги добрите и позитивни случувања бидејќи тоа на што се фокусираме – расте. Од сигурни извори знаеме и дека Крошу дополнително работи и на други проекти чија цел ќе биде да се поттикне желбата и мотивацијата дека тука, дома, каде што нѝ е семејството на сите, каде што се нашите најблиски, може да се живее добро и дека сите имаме одговорност, должност а треба да имаме и љубов да помогнеме во градењето на НАШЕТО општество, на сопствената држава и иднината на сите нас.
Ние овде во Македонија секогаш сме брзи кога треба нешто да искритикуваме, да се раскараме и поделиме по сите можни основи (така нѐ научиле или сме дозволиле) но овој пат и после толку докажани факти во сите изминати години за кои редовно известуваме, дефинитивно Крошу заслужија само пофалба и признание!
Им посакуваме успех и се надеваме дека нивниот пример и пракса во областа на управување со човечките ресурси ќе го следат и многу други компании. А сите ние, како и што започнавме на почетокот, после низа добри работи што започнаа да нѐ разбудуваат, добро е да се завртиме конечно кон позитивните примери и да продолжиме и помогнеме во градењето, бидејќи тука дефинитивно се можи.