Нашиот Кристиан Стојани, денес беше ракета 🚀 на контролната во градскиот парк.
Во услови кои се далеку од идеални за трка тој истрча личен рекорд 5км -> 15:57

Нешто, што го можат неколкумина во Македонија.
Неколкумина, кои се бројат на само една рака 🤚🏻

Очекуваме на 13-ти јуни, Кристиан да го покаже сиот свој талент на хронометарската десетка во Скопје. Денешниот резултат дава силни надежи за врвен успех.

Демир Даутовски е човекот кој посветено работи со Кристиан.
Одличен тренер и вљубеник во атлетиката, со долг стаж кога станува збор за успеси и таленти.

Ваквиот успех на Кристиан е невозможен без поддршката која ја добива од своето семејство.
На третата фотографија е со својот татко и брат, а мајка му која е поддршка од сенка, за жал ја нема на фотографијата, но знаеме дека е задолжена за подготовка на оброците за овој наш шампион 😉

Кристиан, горди на тебе и со тебе