Пилешките прсти се една од омилените храни на децата, ама и ние возрасните си ги сакаме. Сум правела неколку пати, ама овие ми испаднаа најубави, можда заради салото, не знам, ама битно е и каков стек користите. Препорачувам несаламурен свеж стек. Ако користите фритеза, тогаш можи лентите од стекот послаби да ги исечете, но ако користите тавче за пржење (јас ја користев Делимано тавата со рачки), тогаш подобро е да се подебели парчињата. Состојки 500 г пилешки стек исечен на ленти 1 лажица мешан сув зачин 2 јајца 3-4 лажици брашно мешавина од презла и сусам по потреба масло и свинска маст по потреба сол и црн бибер.

Подготовка

Нема некоја посебна специфика во подготвката, би препорачала стекот да биде изваден на собна температура 1 час претходно, исечкајте го на ленти, додадете мешан сув зачин, црн бибер и промешајте. Нека седи така некое време. Потоа, секое парче, прво испрпелкајте го во брашно, па во изматено јајце, па во мешавина од презла и сусам. Можи да ги подготвите сите парчиња, па да ги ставате да се пржат, јас ги правев на 3 пати. Додадете во тавата за пржење масло околу 2 прсти и 2-3 големи лажици свинска маст. Откако ќе се загрее и ќе се растопи маста, ставете да се пржат на посилна температура (од 1 до 6 јас ги пржев на 3-4) додека убаво не поруменат од сите страни. Вадете ги на салфета или на кујнска хартија за да ја апсорбираат делумно маснотијата. Како додадок идеално оди домат со мајонез или тартар сос.

Рецепт на Гордана Аџиева-Михајловска