Тие ја слават нивната 25 годишнина. Во чест на овој јубилеј, организираа незаборавен настан во Пациото на Завод и музе Битола, инспириран од неодамна завршениот Интернационален фестивал на монодрамата.
Учениците од Центарот за герамнски јазик ИЛИЕВИ, ја превзедоа одговорноста за настанот низ еден демократски и слободен процес, носејќи сами одлуки како сакаат да изгледа нивниот настап. Подготвија драмски текстови на различни интересни теми и креираа мини-сцени за да ја покажат својата визија поврзана со темата. Овој настан така се претвори не само во славење на 25 години работа или крај на учебната година, туку процес на лични креации во кои учениците по слободна волја создаваа своја реалност.
Родителите одиграа, без да имаат најава една клучна улога во настанот, не само како публика во која има настап нивното дете туку и како активни учесници. Тие скенираа QR-кодови и се вклучија во една интерактивна игра, специјално креирана од ИЛИЕВИ, наоѓајќи одговори во рамките на мини-изведбите на учениците. Завршувањето на играта им донесе посебна диплома како родител за нивното дете – симбол на нивната соработка и поддршка.
Мини-претставите инспирирани од моноспектаклот како театарска форма, опфатија низа интересни теми:
– Животот на универзитет
– Спортски коментар и познати спортисти
– Процеси за аплицирање за пасош
– Уметноста на Габриеле Минтер
– Принцезата Изабела
– Рајна Алексова, прв битолски фармацевт
– Tagesschau (први ТВ вести)
– Игра Kingdom Rush
– +/- страни на технологијата
– Планирање на патување, на одмор
-Роденден
– Германски и македонски традиции
– Посети на лекарска ординација
– Искуства во Пекара Александар
„Нашиот настан тотално ја промени традиционалната училница. Па така, родителите станаа ученици, учениците станаа наставници, а наставниците беа во улога на ментори. Овој модел на превртена училница им помогна на сите да ги видат работите од нова перспектива и го продлабочи нивното разбирање на светот на децата, на родителите, а и на наставниот кадар. Овој концепт на flipped classroom- t.e. flipped showroom е иновација која ние ја применивме и сме горди на секој наш чекор низ овие 25 години во нудење на современо образование” – истакна Симона Монавчева која го води ЦГЈ ИЛИЕВИ.
Настанот беше поинакво искуство за родителите и успех за децата, настан кој значеше прославување на 25 прекрасни години на ИЛИЕВИ и истакнувајќи ја моќта на заедницата, креативноста и колаборативното учење.
Проверете ја нивната интерактивна игра [тука] https://lumi-tmp.s3.fr-par.scw.cloud/export/665766b0a982ae68ab6d21ae.html) и придружете им се во славењето на обрзаованието цели 25 години.
Фото Диоген Хаџи Коста Милевски