Состојки

За една тегла

околу 300 г корнишони

1 рамна лажица сол

1 рамна лажица шеќер

70мл бел оцет

ловоров лист, црн бибер во зрна и други зачини по желба

вода за дополнување на теглата

Подготовка

Наполнете ги теглите со корнишони (претходно убаво измиени). Додадете сол, шеќер, оцет, ставете по 1 лист ловор и по неколку зрна црн бибер. Дополнете со вода до горе и убаво затворете ги теглите. Пастеризација в машина за садови на 70 степени. Ставете ги навечер, а сабајле извадете ги.

Можи да ги пастеризирате и во рерна на 100 степени околу 20-тина минути.

Чувајте на ладно и темно место.

www.macedoniancuisine.com