Битолчанецот Димитар Бежановски со неговиот 3Д печатар сам го изработи првиот битолски робот со кој веднаш побрза да го прошета низ Широк Сокак и нормално го однесе на кафе:
Идејата ја добив од онлајн проекти кои ги изработуваат странските универзитети и сакав да експериментирам со роботика користејќи 3Д печатење.
Главна цел ми беше да изработам робот кој ќе можи да движи по непристапливи терени и да има пренос на видео во живо. Ми требаше околу два месеци за да го изработам и научив доста нови вештини дури.
Роботот може да послужи за истражување на непристапливи места како на пример некои археолошки наоѓалишта каде не е возможно некој човек да пристапи до ограничени делови. Може да се користи и во други индустрии како и авотомобилската за лесно набљудување на делови под некое возило.
Роботот е целосно 3Д печатен и е базиран на Raspberry Pi. Има домет до 100 метри и траење на батерија до неколку часа што го прави доста флексибилен.
Во иднина планирам да го надоградам роботот со вештачка интелигенција за да може да е автономен… ни изјави на крајот Димитар.
Погледнете го и неговото кратко видео од прошетката низ Широк Сокак.