Овој викенд колку толку времето ќе не послужи за разлика од изминатите денови.

До крајот на денешниот саботен ден времето во Битола и битолско ќе биде сончево, топло и спарно со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Сепак особено во попладневните часови можен е локален краткотраен дожд и грмежи и тоа претежно на планинските места но и на оние места кој се во близина на планините, сепак ова нема да биде ништо посебно.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Недела ни носи сончево, топло и спарно време со мала до умерена а попладне и умерена локална облачност кога на планинските места ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 28 до 35, 36 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here