Во текот на денешниот ден на веб страната на Министерството за Култура беа објавени резултатите од годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 г. За разлика од другите фестивали битолчани добија помалку средства, но сепак не може да се занемари и фактот дека сепак министерство беше дарежливо за нашите институции и за делата на некои битолчани, во кои навистина не препознавме дека нешто квалитетно ќе биде направено и ќе остане за нас или нашиот град.

Во овие листи НУ Центар за култура Битола е рекордер за Битола во добиените средства од Министерството за култура на РМ и по овие суми можиме да заклучиме дека и во културата се врти еден убав и сладок колач. Така на пример за „52-ти Републички фестивал на народни Илинденски денови”
песни и игри се доделени 2,200,000 ден, што не радува, за издавање на носач на звук на “КУД Стив Наумов“ Битола со наслов „Јас и Битола“ – 120,000 ден, за 14-тиот фестивал на музика од светот Битола 2022 се доделени 850.000 денари, за Новогодишниот концерт 2022 250.000 денари, за Госпоѓиците од Авињон -Претстава балет 50,000 ден., концерт на Симфониски оркестар на НУ Филхармонија на РМ 50,000 ден., убава сума за концертна промоција на албумот „Нова ера“ на авторот Николче Мицевски 200,000 ден., Засекогаш во срцата (не е наведено што) се доделени 350.000 ден. Продолжуваме понатаму. За „Интеграли” автор Илија Маџаров, 47та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трај на
инспирација во моето творештво“ Битола 2022, за Осмата детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво”, Фотоконкурс и изложба на уметничка фотографија “Видна мистерија “ Лубе Алексовски, македонска резба”. Веселин Поповски се доделени вкупно 320.000 денари.
Како што можи да пресметаме на НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА се доделени 4.340.000 денари или околу 70.000 евра.

На НУ НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА најверојатно за престава или монографија, не е наведено што, со име „Чоревци“ му се доделени 250.000 денари. Дополнително по разни основи се доделени уште над 5 милиони денари.

На НУ ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА CПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ – БИТОЛА за реевиденција, идентификација и дигитално документиране на археолошките локалитети под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на :

19.1 културата и музеј Битола
19. 2 Систематски археолошки ископувана на локалитетот Градиште, с. Црнобуки
19. 3 Дигитализација и електронска обработка на музејскиот материјал
19.4 Истражуване на локалитетот Велика Тумба
19. 5 Документирање, заштита и дигитализација на археолошкиот материјал во предисториското депо
19. 6 Работилници за посетители ( деца и возрасни) со попреченост и инвалидитет : „Ние во музеј“ – 2022
19. Стручна анализа, научна обработка и конзервација на пати и прстени од збирката на НУ Завод и Музеј – Битола
19. 8 Изготвување елаборат за состојбата на артефактите од метал во постојаната поставка на НУ Завод и Музеј – Битола
19.9 Елемент – Грло – составен дел на традиционалниот костим изложба
19.10 Моја инспирација
19. 11 Тековно одржување на спомен-куќата на Татарчеви
19. 12 Тековно одржуване на меморијалниот музеј во с. Смилево
19. 13 Осовременување на етнолошките депоа во Завод и Музеј – Битола (1 фаза)
19. 14 Осовременуване на постојаната музејска поставка му се доделени вкупно 1.700.000 денари.

На НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, за најновиот Зборник на трудови на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола“ бр. 24, Водич- каталог низ постојаната археолошка поставка на НУ Завод и музеј – Битола“ му се доделени вкупно 210,000 ден.

За изложба на тактилни слики ( мотиви од делата од колекцијата на НУ Завод и музеј
– 30 години меѓународно графичко триенале Битола“ ( мултикомплексен проект во кој, меѓу другото, ќе биде инкорпорирано и Десеттото меѓународно триенале Битола), му се доделени вкупно 447.000 денари.

Значи 2.357.000 денари или околу 38.000 евра за Музејот кој нема историчар и нема инспектор кој ќе се погрижи за зачувување на старата градска архитектура и старото градско јадро.

Обновено: Дополнително уште над 14 милиони денари по разни основи.

НУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола за списание Библиотечен тренд” доби скромни 50.000 денари и скоро 1 милион денари за по разни основи.

На заедницата на Срби во Македонија Битола каде фигурира Томислав Жугич за ,,КАЈМАКЧАЛАН“ за денот на единството , слогата и
знамето – историско-научна конференција со фото изложба во спомен капелата на Кајмакчалан“ му се доделени 80,000 денари.

За здружението на граѓани, Фестивал за класична музика Интерфест Битола, Скопје, регистрирано во Скопје а не во Битола,

е доделена добра сума од 1. 488,000 денари.

НУ Музеј на албанската азбука – Битола за свеченото одбележување на националниот празник „22 Ноември – Ден на албанската азбука“ лапна милионче, поточно 1,050,000 денари додека за:
12.1 Едукативна работилница „И ние сме дел од музеите
12. 2 Подготовка и печатене на рекламен материјал (брошури, летоци, папки, тефтери, маички, пенкала и др. )
12. 3 Организирање на научната трибина „Значењето и делата на Горѓ Киријази во развојот на албанската азбука” (по повод 100-годишнината од
неговата смрт)
12. 4 Едукативна програма за деца од ми до IX одд. Да ја запознаеме историјата на албанската азбука”
12. 5 Откуп на музејски материјал и музејски предмети му се доделени уште 600.000 денари, значи 1.650.000 денари за 2022 г.

Здружение за фолклор, песни,
игри и обичаи Културно
Уметничко Друштво ИЛИНДЕН
Битола за оваа 2022 г. доби 450,036 ден.

За концерт на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов” Битола се доделени скромни 40,000 ден.

На друштвото на писатели БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ БИТОЛА за два броја на списанието за книжевност, литература и култура „РАСТ“ (бр.25 и 26) му се доделени 124,972 денари и за ХІ-та Меѓународна книжевна манифестација Битолски книжевни паметења плус 127.368 ден.

На здружението за наука и култура НОВА – Битола каде фигурира Мирјана Стојановска , за издавање на книга поезија „ПРОЛИЗГУВАЊЕ“, Соња Веселиновиќ, за препев од српски Мирјана Стојановска се доделени 93,908 денари и за книгата поезија „ПРСТИ И ПРЕРИИ“ од Дарија Жилиќ, превод Алмира Папиќ му се доделени 118.156 денари. Баш не интересира колку овие книги ќе имаат удел во подобрување на културата во Битола и Македонија или и тие ќе пролизгаат како што носи самиот наслов.

На Македонското научно друштво – МНД Битола за Современите дијалози, бр. 10 му е доделена солидна цифра од 159,056 денари

Здружението за поддршка и
производство на долгометражни
и краткометражни филмови и Саем на креативни индустрии Creative поддршка на развојот на
Industries Expo филмската дејност БАЛКАН СИНЕМА Ситис Битола доби 400,000 денари.

На Здружението за изведувачки
Уметности Интимен театар
Битола Театар на личноста, или театарот како алатка за подобрување на менталното
здравје и зголемување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и ранливите категории, му се доделени 250,000 денари.

Оваа година ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА МЛАДИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ “МАЛ МОНМАРТР” БИТОЛА, ЈУБИЛЕЈНА МЕЃУНАРОДНА ДЕТСКА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА
“БИТОЛА 2022” 41-ви МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ “МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТ 2022 од Министерството за Култура добија 220.000 денари

Нешто така што нѐ зачуди и ни го исполна срцето со топлина се доделените средства за половина век современа карикатура на битолскиот карикатурист Блаже Докуле, на кого му се доделени 39,000 денари.

Здружение на копаничари на Македонија, Битола за „Копаничарство“ му се доделени 46.500 денари.

Министерството за Култура не беше скржаво и за Меѓународната ликовна колонија Де Ниро од с. Магарево Битола за 18-та Меѓународна ликовна колонија Де Ниро и изложбата Македонија да му додели во два наврати по 45.750 и 81,600 денари познавајќи го фактот колкави милионски суми остварува на приватен план.

И на крај, како шлаг на торта на ЗРУМ „Перун Артис“ – Битола, каде како уредник е регистриран Сашо Огненовски, поранешен директор на битолскиот театар попознат меѓу битолчани со аферата „Актери жиранти“ , за превод, препев и слично му се доделени фантастични 14.500 евра и тоа за списание книжевни елементи (шести и седми број) 118.156 ден.„Немата мапа на удавените“ – Аријан Лека, преведувач Илир Ајдини 193.139 ден. „Две драми“ – Ева Камчевска 134.061 ден. „Сара и други драми“ – Катерина Момева 163.600 денари. „Човек и надчовек“ – Бернард Шо, преведувач Билјана Китановска 143,150 ден. и Елементи (електронско списание) 135,171 ден.