Анализа на Фактор
Битола има мега вработувач кој е дел од најголемата светска алијанса на производители на делови за автомобилската индустрија. Но има и други домашни „дрматори“. Најголемиот производител на млеко, еден од најголемите извозници на тутун, четири големи градежни фирми, најголемиот земјоделски комбинат, единствената фабрика за квас и чист алкохол и извозно ориентирана програмерска фирма во која профитот е 45 отсто од приходите.
Битола го има најголемиот производител на сладоледи во земјава, единствената банка со седиште надвор од Скопје, голем ланец аптеки и прочуена болница за инвитро оплодување и лечење стерилитет. И се тоа од рацете на вредните битолчани!
Битола има свои бизнис гиганти. И тоа од повеќе индустриски гранки. Има странска гринфилд инвестиција во автомобилската индустрија, го има најголемиот производител на струја, има неколу големи градежни фирми, една голема млекарница.
Има мега производител на тутун за извоз, а од Битола се и најдобрите македонски сладоледи. Градот на конзулите може да се пофали и со софтверска компанија која „гази“ на интернационалниот пазар, а има и специјална болница која е врв во инвитро оплодувањето.
Знаете ли дека Битола е единствениот град од внатрешноста што има седиште на банка, а таму работи и единствената домашна фабрика за чист алкохол и за квас и најголем земјоделски комбинат во земјава.
Се на се лани тие 14 приватни битолски компании оствариле кумулативно приход од 339 милиони евра. И тоа е резултат за почит.
Споредбата „Фактор“ ја направи врз основа на вкрстување на достапни податоциза: најголеми компании во земјава (според неколку едиции кои публикуваат рангирања на компании), комании чии акции котираат на берзата и компании кои добиваат тендери на државно поседувани друштва или органи на државната управа.
Кои се најголемите битолски компании повеќе ТУКА