Ех, КОНЗУЛСКА Битола❗️
Простете ми.
Овај времеплов и незадоволство немам кому да го адресирам. Нека биде на непознати сторители⁉️
Непрепознатлива, а толку опеана од патници минувачи, од твоите граѓани Нури Ајредин во гробот се превртува, најсилните емоции со исконска љубов ги посветил “Битола, мој роден крај, јас те сакам од срце знај” ❗️
Битолчани и денес те сакаат ретките што останаа , подеднакво и тие што заминаа по светот. Жална си! Наликуваш на старица во смртната постела, чекајќи го Свети Аранѓел❗️
Гола, несредена, заборавена, оставена на забот на времето се претвори во костур. А мршојадците се препукуваат кој повеќе те сака⁉️
Ќе почнам од Широк сокак. Улица на животот и смртта. Таму некогаш беше Корзо. Врвулица. Скришни погледи, вљубувања, комуникација со сите пропратни елементи на љубов. Кино сали. Денес кафулиња, жардењери, тенди, музика. Искривени плочи, полегнати кучиња скитници. Кино стиропор. Дембел чаршија не се пие кафе, се јаде бурек а хартијата и најлон кесичките во Драгор, за декорација ⁉️…
И сите паралели се болна тема за хаосот. Најболно е тоа што декларативните флоскули Битола со љубов се дегутантни!
Алооо, граѓаните уредно ги подмируваат своите обврски, арач, до недоглед гласаат за подобар живот. Се надеваат. Но за жал и таа умира. Катарза на однесување ни на повидок. Смет. Се прашувам дали овие граѓани заслужуваат да бидат ставени на игнор. Има ли некој што ќе поведе гриза, одговорност⁉️. Службите дисфункционални. ,,ЌЕ”...
НЕ МОЛЧАМ! Од урнатините на Офицерски дом не нападнаа глутница кучиња, Жители незгрижени скитници по градот сме сите. Едвај жива глава извлековме. Можеше и може да биде фатално. Ова е само капка незадоволство од океанот во кој успешно пливаат само ајкули хранети од граѓанските плитки џебови. Досегашните барања нешто да се смени од општинските инертни служби без одговор. Кому, навистина, кому да се обратиме⁉️