Во саботата на 08.10.2022 во Аудиокултура во Скопје се случи промоцијата на албумот Stages of Love на рок составот CODE 369.

Ова беше настан за публика која знае да ја препознае и доживее прекрасната музика и квалитетниот звук на уникатната опрема од производството на Аудиокултура.

Во топлиот и преполн амбиент на прекрасното катче, за музичките сладокусци беа презентирани пред се албумот Stages of Love на рок составот CODE 369, но и снимки во живо од нивните настапи во студијата на Кроација рекордс во Загреб и нивниот маркантен настап на фестивалот Славонија фест CMC 200, кој ги освои симпатиите на публиката и перата на критичарите со својот космополитски звук и високо ниво на изведба.

Албумот „Stages of Love“ содржи дванаесет песни, а тоа е првиот албум што го создадоа и снимија под името „Код 369“.

Петгодишниот ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“ беше потпишан ова лето, после што КОД интензивно почнаа да ја освојуваат хрватската музичка сцена.

„Код 369“ се формирани во 2020 година, членови на групата се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали), Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури).

Албумот ќе се продава во изложбениот салон-клуб Аудиокултура, за Македонија, како и во сите продавници на Кроација рекордс пошироко низ регионот.