КНИГОВЕЗ е една од најстарите приватни книговезници и печатници во Република Македонија, регистрирана како даночен обврзник на 15.5.1979 година во Битола, време кога визиткартите, книгите, поканите и сите други хартиени текстуални печатени материјали се изработуваа со составување на буква по буква.
Сопственост на Георгиевски Наум и неговата жена Перса од ул. Дебарска бр. 6 во Битола дуќанот им беше во горниот дел на битолската стара чаршија.
Во 1985 г. околностите за жал доведуваат до затварање на Книговезницата во Битола и преселба во Охрид, каде сега нивниот син Драган, кој е истотака роден битолчанец, продолжува како втора генерација книговезници.
Денес со нивните отворени работилници предизвикуваат голем интерес за сите туристи кои го посетуваат Охрид кои се воодушевени од нивната рачна техника и изработка.
Се наоѓаат во близина на Полицијата и Противпожарната единица во Охрид.
Посетете ја и нивната веб страна www.knigovez.mk
Голема благодарност до Драган Георгиевски