Нашиот битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме од страна на Моторциклистичката Федерација на Македонија е прогласен за шампион за 2019 година и вицешампион за 2018 во класата МХ3 од Македонскиот Шампионат во Мотокрос и вицешампион за 2019 г. во класата МX од БМУ Европскиот Шампионат.
Со враќањето на мотокрос трките во 2018 година благодарение на моите главни спонзори НОВОМАТИК, Астра Казино и Адмирал Казино ги извозив сите трки и го освоив второто место во шампионатот. Во 2019 година ја продолживме соработката и ја освоив шампионската титула.
Оваа година се натпреварував и на БМУ Европскиот Шампионат, за мене прв пат надвор од Македонија, на нови патеки и со поискусни возачи, па затоа освоеното второ место во шампионатот многу ми значи.
Голема благодарност за поддршката до:
Здружение На Моторциклисти Ѓорги Стефановски Битола
Мотул Македонија
Вулцо ПрилепБлагодарност до мојот клуб Ендуро Теам Водно – Скопје / Ендуро Тим Водно – Скопје исто и до мојот поранешен клуб за 2018 година Ноќни Волци
Благодарност и до сите кои ми помогнаа и веруваа во мене… напиша на неговиот фејсбук профил нашиот битолчанец Зоран Каранфиловски Ќаме.
За крај еден посебен апел до одговорните во Општина Битола да не ги остава нашите битолски мотокросисти сами на себе и крајно време е да им ја даде потребната поддршка бидејќи еден куп битолчани возат за клубови од други градови и никој не настапува за Битола, што е неблагодарно кон нив за талентот и истрајноста како и можностите кои ги имаме во најблиската околина на градот.
Од нас браво Ќаме, браво за сите битолчани кои несебично и покрај поддршката од други градови сепак останувате горди и борбени битолчани.