Објектот каде се наоѓа ОУ Кирил и Методиј заедно со црквата св.Богородица во Битола се на место кое е подарено од големиот добротвор на Битола, др.Константин Мишајков.
Местото било наменето за машко и женско училиште и за божји храм. Бидејќи недостигале пари за опремување на црквата, заедно со други истакнати и школувани битолчани, собирале пари од еснафите за да ја доопремат.
Во неа потоа се служело на словенски јазик. Објектот во кој е сместено Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Битола првобитно е изградено за потребите на занаетчиските еснафи.
Изградено е со доброволна работа на македонското население и парични средства на 36 еснафи од Битола. Како еден од најистакнатите учители во тоа време бил истакнатиот македонски деец и револуционер Даме Груев, а во годините 1900/01 како учител овде работел и творел познатиот македонски револуционер Ѓорѓи Сугарев.
Во втората половина на месец ноември 1944 година во училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 04.02.1944 година започнала наставата на македонски јазик.
Денес на 24-ти Мај е патронатот на ОУ Кирил и Методиј по повод нашиот голем празник, денот на македонските и сесловенски просветители св.Кирил и Методиј.
Нека ни е честит на сите!
*извор Жанета Здравковска Дневник