Огромен настан за прв пат во нашата држава, борба за титула СВЕТСКИ ШАМПИОН во организација на КОК во Битола, каде нашиот битолчанец Александар Димовски Димсата како домаќин го пречекува гркот Михаил Карамускетас.
Апел упати и легендарниот битолски спортист и спортски работник Златко Неделковски кој од сите нас бара заедно да му ја дадеме нашата поддршка:
Да му помогниме сите на Александар Димовски Димсата и на сите наши натпреварувачи. Со поддршка на 04-ти Април 2020 г. во Битола, спортска сала Боро Чурлевски – 20.00 часот!