Кети Радевска е градинарка во ОУДГ Естреја Овадија Мара од која 22 години се занимава со цртање и ликовна уметност. Со нејзин портрет од големата хероина и партизанка Естреја, таа има учествувано на неколку светски изложби во Бразил, Турција и Индонезија каде доби пригодни награди и признанија.

„Специјалност ми е карикатурата, Соработував со неколку списанија каде цртав меѓу кои Его, Без Навреда, Вицотека, Остен, Етна- Србија и др. Исто така се занимавам и со многу други делови од Ликовната уметност, сликарство, резба, икони. Инспирацијата за изработката на портретот на Естреја Овадија Мара е од установата во која работам како градинарка, бидејќи таа го носи тоа име. Тука се занимавам со градинарство, кое е моето второ хоби после ликовната уметност. Портретот го испратив на неколку места во светот каде што остави силен впечаток и доби награди во Индонезија, Бразил и Турција. “