Кикбокс клубот KBK ENERGY постигна одличен успех на Националното првенство на Македонија за 2026 година, освојувајќи вкупно 18 медали – од кои 8 златни, 4 сребрени и 6 бронзени, потврдувајќи ја својата сила и квалитет на домашната сцена.

Најсјајните осум златни медали ги освоија:
Петар Лозановски – злато во киклајт (4 победи) и злато во лоукик (1 победа)
Марија Димовска – злато во киклајт (2 победи) и злато во лоукик (1 победа)
Маригона Зенуни – злато во киклајт (3 победи)
Љупчо Мегленски – злато во киклајт (2 победи)
Ертан Рашидовски – злато во киклајт (3 победи)
Алексеј Василевски – злато во киклајт (3 победи)
Клубот освои и четири сребрени медали, и тоа:
Лео Наумов – лоукик (2 борби)
Димитар Стефановски – киклајт (5 борби) и лоукик (2 борби)
Филип Талевски – лоукик (2 борби)

Со бронзени медали се закитија:
Давид Елмазов – киклајт (2 борби) и лоукик (2 борби)
Маригона Зенуни – киклајт (1 борба)
Лео Наумов – киклајт (3 борби)
Дарко Нумановиќ – киклајт 69 кг (4 борби) и киклајт 74 кг (3 борби)

Иако останаа без медал, со одлични настапи се претставија и Димитар Димевски и Јован Клоштевски, кои покажаа голема борбеност и потенцијал за идни успеси.
„Сите борци се покажаа во најдобро можно светло и како тренер не би можел да бидам погорд на овие мои воини“, порача тренерот на клубот.

Од KBK ENERGY упатија благодарност и до своите редовни поддржувачи Кафе Портал и Рудкоп, кои постојано стојат зад клубот и неговите успеси.












