Битола на времето се штитела од лажни вести и озборувања со казни. Некаде пред стотина години кога градот бил под српска власт било забрането да се озборува и да се шират невистини. За ова сведочат написи од тогашниот весник „Битољске вести“, во кого пишува дека полицијата презела енергични мерки да го фати секој оној кој измислувал и растурал неточни гласови низ градот.
Во весникот пишува дека секој ден низ Битола се разнесувал по некој лажен глас. Тоа го правеле патници кои навраќале во градот, но понекогаш гласините излегувале од како што пишува „овдешни кујни“. Кога гласовите еднаш ќе се пуштеле во јавност, ревносно се разнесувале . Властите утврдиле дека го реметат редот и мирот во градот, па одлучиле да ги замолкнат озборувачите со казни…
Повеќе на Апла.мк