КАРОЛИНА ГОЧЕВА СО ЕМОТИВНА ПОРАКА ЗА 8 СЕПТЕМВРИ: „ТЕ САКАМ, МАКЕДОНИЈО!“

од • September 8, 2026 • 0 коментари

Македонската музичка ѕвезда и наша битолчанка Каролина Гочева го одбележа Денот на независноста на Македонија со фотографија на која гордо го развиорува македонското знаме на сцената и со емотивна порака упатена до јавноста.По повод 35 години од независноста, Каролина порача дека изминатите децении донеле бројни предизвици и искушенија, но дека токму тие нè направиле посилни.„Народот е срцето на една татковина, а тоа чука во ритамот на љубовта само кога сме сите ние заедно, сплотени“, порача Гочева.Својата честитка ја заврши со едноставни, но силни зборови:„Те сакам, Македонијо!“ Каролина Гочева и овој 8 Септември со гордост ја испрати својата порака за љубов, заедништво и почит кон татковината.

Babam Bitola

Comments are closed.