Денес караванот на саем за мебел започна од Битола, в Драгор изложени првите експонати.
Иако многу од луѓето стравуваа поради пандемијата дали ќе се одржува саемот за мебел, сепак некои иновативни жители на Битола најдоа решение како тој да се одржува на отворено и да е во согласност со сите мерки за коронавирусот. Се работи за реката Драгор, каде денес можеа да се забележат примероци од напознат бренд, ненаметливо изложени во природна атмосфера.
Дел од експонатите на пат за Прилер, моментално на Црна река
Ново оваа година е што саемот е мобилен, бидејќи реката Драгор се влева во Црна Река, а Црна во Вардар, па така саемот можат да го посетат и луѓето во Прилеп, Велес, Скопје, Св. Николе и Неготино, и останатите градови низ кои поминуваат овие реки.
Извор и повеќе G_vision