Во 1968 година група швајцарски архитекти од АКАУ направија студија за развојот на зимскиот туризам на Пелистер и Баба Планина во која има анализа на скијачкото (смучарското) подрачје, главна шема на жичарниците и жичаните постојки, програма за развој и план на зоните, како и планираниот туристички центар…

2. СКИЈАЧКО ПОДРАЧЈЕ

2.1 Снежни падавини во зоната

Пелистерскоот масив не бил никогаш предмет на прецизни испитувања за времетраењето на снежните падавини како и за височината на снежната покривка. Неопходно е да се надополни тој пропуст и да се пристапи уште со првиот снег на есен, кон потребните мерења на различни места од масивот (прифатното плато над Нижеполе 1.100 метра, на Пелистер 2.601 метар и на Големо Езеро 2.218 метра). Според податоците кои ги добивме на лице место, снегот се задржува три месеци на платото на Нижетоле (1.100), четири месеци на надморска височина од 1.300 метра на патните стрема северо-запад и северо-исток, а ние можевме и самите да се увериме дека во почетокот на месец јуни 1973 сеуште постоеше снег меѓу езерата и врвот Пелистер. Изгледа дека снежната покривка е доста висока (по некогаш таа
изнесува и повеќе метри) и дозволува скијање дури и во каменливите зони, меѓутоа треба да се ограничи користењето на јужните страни затоа што топлото сонце и јужниот ветер брзо го топат снегот.

2.2 Ветрови и одрони на снег

Постоењето на ветровите како и нивната зачестеност и јачина не биле предмет на ниедно научно испитување. Би требало да се прават редовни проверки на телевизискиот релеј и на Големото Езеро; податоците што ги добивме се многу различни и непрецизни за да можеме врз нив да се раководиме.

– Што се однесува до одрони на снег мештаните со кои доаѓаме во додир не убедуваа дека тие не претставуваат никаква опасност за Пелистерскиот масив; сепак ако се појави и најмал знак на такви одрони ќе треба за тоа да се извести.

2.3. Дефиниција и карактеристики на скијачкото подрачје

Дефиницијата на Пелистерското скијачко подрачје е заснована врз следните критериуми:

Карпите, шумите и падините чиј нагиб е поголем од 70% (Преминот Бреван во Шамони 70°/, и преминот на Црното Езеро во Зермат 660) не влегуваат во склоп на скијачкото подрачје.
Терените со нагиб меѓу 50 и 70% можат да ги користат само добрите скијачи или просечните скијачи ако се однесува до кратки делници. Иако минималната надморска височина за погодни снежни падавини (15 декември до 15 април) треба да се бара на височина од 1.300 метри на падината северо-запад и северо-исток и на височина од 1.600 метри на падината југо-исток и југо-запад (овие мерки треба да се проверат), ние зедовме во предвид пониска граница која се наоѓа на надморска височина од 1.100 метра. Скијачкото подрачје на Пелистерскиот масив е многу широко: површината на смучарските терени што одговара на горенаведение критериуми изнесува 8.000 хектари. Точно е дека не е доволна само големата скијачка површина за да обезбеди продуктивност на зоната.
Потребно е да се претворат скијачките терени во интересни патеки. Во тој поглед Пелистерскиот масив содржи неоспорни адути:

– Скијачките терени со надморска височина меѓу 1.100 и 2.600 метра, а најголем дел од нив со ориентација северо-запад и северо-исток, се мошне погодни за снежни падавини преку целата зима, како и на надморска височина од над 1.300 метри на северната страна.

– Главни патеки (види графички прилог) достигнуваат денивелација од 1.500 метра и можат да се споредат со патеките на нај познатите зимски центри. Вкупната денивелација на главните патеки означени на картата „Скијачки патеки“ достигнува околу 22.000 метри.
Скијачкото подрачје го формираат две зони меѓусебно поврзани со гребени: зоната на циркот која го содржи најголемиот дел од патеките и каде ориентацијата е на секаде извонредна и зоната надвор од циркот во која патеките се со нееднаков квалитет.
Скијачкото подрачје во зоната Пелистер е екстремно моделирано, тоа час пружа многу широки слободни ски терени, час тесни премини, помалку или повеќе разгранети гребени, час питоми падини, за потоа да уследат „ѕидови“ кои ги бараат само најдобрите скијачи; овие терени ќе можат да ги користат сите категории скијачи, но сепак најдобро ќе се снајдат искусните скијачи.

2.4. Патеки

Деталната анализа на скијачкото подрачје на Пелистер покажува
дека постојат пет групи главни патеки со тргнување од различни врвови:

Скијачко подрачје Пелистер 2.600.

Од врвот Пелистер (2600 м) тргнуваат четири патеки: патеката А1, на северната страна, покрај северниот гребен на врвот се спушта во долината на Широка; патеката А2, на јужната страна, многу брзо се извива кон исток спрема Нижеполе; овие две патеки се резервирани за добрите скијачи затоа што се многу стрмни и од алпски карактер. Патеките А3 и А4 се стремат најнапред кон југ, а потоа едната се спушта кон Широка а другата во долината на Црвена; и двете им се достапни на просечните скијачи. Широкото плато над Широка би било многу погодно за одвивање на часови на ски школа.

Скијачко подрачје на реката Шара и на Мало Езеро

Од врвот (2340) на гребенот од циркот над Мало Езеро тргнуваат три патеки: едната се соединува во внатрешноста на циркот со патеката А3 која се спушта од врвот Пелистер (2600), двете други В1 и B2 се стремат надвор од циркот кон реката Шара која се влива крај селото Крани во Преспанското Езеро; овие две патеки се резервирани
за добрите скијачи, како и многуте други и овие две се со голем нагиб и не се погодни за другите смучари.

Скијачко подрачје на Големо Езеро и на Трите Гребени

Најважниот сноп патеки трпнува од највисоката точка на ова скијачкото подрачје (2421). Патеката C7 оди на север спрема долината на Црвена кај што се соединуваат патеките од Пелистер (2600) и од врвот (2340), следи патеката С6 која оди преку гребенот кој се наоѓа над оваа иста долина и се спушта право на Нижеполе. Првата можат да ја користат и просечни скијачи, додека втората само добрите скијачи.

— Патеката C5 тргнува од над Големото Езеро, оди на исток, и по долината на Дебел Рид пристига до прифатното плато над Нижеполе;

– Патеката С4 тргнува исто од над Големото Езеро, оди спрема долината на Сапунџица и пред да се соедини со патеката на Дебел Рид го минува превојот кај котата 1905; просечните смучари при поволни услови ќе можат да се префрлат на патеката С5 отстапувајќи им ја патеката С4 на искусните скијачи.

Скијачките терени во близина на Мало Езеро прават голема површина за сите категории скијачи; целата таа зона на падини и благи нагиби многу е погодна за организирање на скијачки вежби и ќе може
да се користи за таа цел кога ќе нема доволно снег во зоната на прифатното плато над Нижеголе.
Патеката C3 се спушта најнапред во правецот на врвот Грива, потоа по долината на Сатуница допира до Нижеполе; тоа е патека за обиколки достапна на сите категории скијачи и идеална за заеднички спуштања, специјално бидејќи опфаќа смучари од различен степен.

— На запад спрема реката Шара се спуштаат две патеки од кои едната оди кон север (С1), а другата кон југ (C2); сите патеки кои водат во таа зона (В1, В2, С1, С2) ќе ги користат опитните скијачи.

Смучарско подрачје на Муза

Од врвот Муза тргнуваат две патеки: едната (D1) во циркот се спушта во долината на Сапунцица, додека другата (D2) се спушта преку еден гребен и низ терен со многу нееднаков нагиб оди надвор од циркот
спрема Злокуќани. И овие патеки уште еднаш нема да им ги препорачаме на послабите смучари.

Смучарско подрачје на Скрково (2140)

Од овој врв тргнуваат три патеки, патеката Е2 во почетокот минува
по многу стрм терен на школката за понатаму од котата 1500 да продолжи по широка слободна површина со благ нагиб и така се спушти се до реката Сапуница. Овој широк питом терен е многу погоден за скијање и можат да го користат како послабите скијачи така и почетниците, Од двете други патеки кои го напуштаат врвот Скрково, едната (Е1) е многу стрмна и се спушта на исток спрема Злокуќани соединувајќи
се на котата 1320 со патеката D2 која доаѓа од Муза; другата, исто
толку стрмна, се спушта кон сливот на реките Јабанска и Сува. Од гребенот со кој се граничи циркот северно од Скрково би можеле да тргнуваат уште две патеки, тие би се спуштале по падините на Неолица над Битола.

Изолирани патеки

Покрај горенаведените патеки на ски подрачја, треба да се напомнат неколку важни патеки но нажалост изолирани; бидејќи
овие патеки не й припаѓаат на ниедна група и не се поврзуваат со ниедно ски подрачје, не е од интерес да се опремат. Најважната меѓу нив, патеката на Копанки, е единствената трасирана и користена патека на целиот Пелистерски масив, таа е мошне интересна по својата топографија и на неа секоја година се одржуваат натпревари. Од точката 2199 над долината на Широка се спушта една патека која се упатува на Скркова Нива, а друга на Маловиште; и двете се интересни а просечниот нагиб на втората патека е посебно значаен и изнесува 45%.

2.5. Тешкотии на патеките

Посматрани во целина, пелистерските патеки се претежно тешки и повеќето од нив им се достапни особено на добрите скијачи; многу од нив се со голем нагиб, расположени врз нерамни терени и со ограничена широчина; но сепак патеките како што се A4 на Широка, C7 на Црвена, C5 на Дебел Рид можат да ги користат и просечните скијачи, а патеката во долината на Сапунцица им е достапна и на почетниците. Оваа последна категорија скијачи ќе може особено да ги користи неколкуте убави питоми ски терени во многу различни зони:
Платото над Нижеполе на 1100 м. каде ќе пристигнува голем број патеки, ќе се користи како прифатно плато на скијачите; благиот терен е идеален за вежби и детски игри, за почетници, за
слаби сскијачи и за ски школи. Широко отворениот терен над долината на Сапуница меѓу котите 1300 и 1500, и со западна ориентација е исто така погоден за почетните па дури и за просечните скијачи. Во извонреден предел на височина од 2200 м. под Големото Езеро, каде снежните падавини се големи и загарантирани, широка ски површина со просечен пад од 20% се спушта кон север. Таа ќе се користи особено при крајот на зимата, кога снегот во долниот дел на масивот ќе се стопи, и кога потоплите денови ќе им дозволат на децата престој на поголема надморска височина.

На големата површина во горниот дел на патеките на Широка можат да се скијаат сите категории скијачи, зашто нагибот се движи од 0% во понискиот дел на теренот каде се наоѓа мал превој (2150 м) па до 60% во најстрмната зона; но најголемиот дел од оваа површина има нагиб од 15 до 20% и ќе се користи за иста цел и во исто време кога и онаа на Големо Езеро. И двете зони би можеле да се користат за ски часови и вежби.

2.6 Такмичарски патеки
Пелистерскиот масив располага со избор на патеки од соодветна
важност за организирање натпревари на алско смучање во разни дисциплини.

2.6.1. Слалом: Такмичарските правила бараат максимална висинска разлика од 220 м. со просечен најголем нагиб до 50%. На оваа дисциплина и одговараат патеките при горниот крај на долините на Црвена (А3), на Сапунџица (C3) и на тирока (А4); падините околу Нижеполе исто така се погодни, но постои ризик од недостаток на снег.

2.6.2. Велеслалом: Според правилата на велеслалом, висинската разлика на патеката треба да изнесува максимум 500 м. со просечен нагиб од околу 50%; патеките кои одговараат на овие барања се следните:

– патеката C5 на Дебел Рид
патеката C7 од врвот „2421“ во правец на Црвена или патеката С3 спрема Сапуница;
– горниот дел на патеката кај Широка (А4),
– постојната патека на Копанки се наоѓа надвор од предвидената мрежа на жичани постројки (види поглавје 4) и таму организирањето на велеслалом ќе биде проблематично.

2.6.3. Спуст: Пелистерскиот масив има голема предност во многу други масиви во Југославија со тоа што овоможува трасирање не само на една патека, што е само по себе веќе значајно, туку на повеќе патеки за спуст. Засега во Југославија не постои соодветна патека за оваа дисциплина.
Правилата на спустот налагаат минимална висинска разлика од 800 м. (со исклучок 750 м.) а максимална 1000 м со просечен нагиб од околу 30%. На овие барања им одговараат три патеки од интернационален
карактер.

Првата патека од врвот Пелистер 2601 спрема Широка, па се до
над Шумарската куќа е долга 3100 м., а висинската разлика 950 м.

Втората патека е од врвот Пелистер во правец на Нижеголе, преку Мало Езеро и долината на Црвена, а целта ќе се наоѓа на височина од 1.700 метри. Оваа патека е долга 3050 м. ависинската разлика 900 м.

Третата патека би тргнувала од ридот од Големо Езеро, по патеката на Дебел Рид спрема Нижеполе. Целта би била на котата 1300 м. Оваа патека ги има истите карактеристики како и претходната: должина 3050 м. висинска разлика 900 м.

Овие три патеки не бараат некакво посебно уредување пред да се отворат за одржување на ски натпревари, а нивното признание многу би придонесло за реномето на центарот.

2.7. Трчање и прошетка со ски

Пелистерскиот масив не содржи терени погодни за организирање на трчање и прошетка со ски. Терените кои би биле погодни за
примена на оваа спортска дисциплина се наоѓаат на многу мала надморска височина каде снегот не се задржува долго (платото на Нижеполе меѓу 1000 и 1100 м). Оваа дисциплина би можела да се одржува долж гребените, но висинската разлика меѓу поедини точки е многу голема за тоа да бидат вистински ски прошетки. Соработката со ски центрите на Галичица и Крушево би придонела за надополнување на овој недостаток: овие два центри располагаат со прекрасни терени за организирање натпревари и би можеле да се користат за изведуваање на нордиските дисциплини додека пак на Пелистер би се издвоиле алпските дисциплини.

Важно е да се подвлече дека вкупната денивелација на главните ски патеки на Пелистерскиот масив достига до 22.390 м. и дека некои од овие патеки имаат денивелација од 1500 м. За споредба го земаме во светот познатиот центар Зермат (Швајцарија) кој се
наоѓа во планински цирк од 12х20 км., има широко ски подрачје со следните карактеристики: потенцијален капацитет (остварен): 32.500 м. (22.000) од вкупната денивелација на патеките, 21 (18) патеки со денивелација над 500 м., 11 (9) со над 1000 м. и просечна денивелација на патеките 1030 м. (1010).

Денес искористеното ски подрачје во Зермат е едно од најзначајните на алпите и интересно е да се констатира дека потенцијалниот капацитет на Пелистер е еднаков на сегашниот остварен капацитет на патеките во Зермат.

2.8. Уредување на патеките

Патеките на Пелистер не бараат големо уредување: скоро сите се
трасирани надвор од шумите, а теренот претежно го сочинуваат пасишта; но и покрај тоа треба да се пристапи кон следното:

Патеки А: Трасата на патеките сама по себе е означена и ќе бидат потребни само незнатни корекции во долниот крај на Широка за лесен премин преку некои пошумени зони.

Патеки В: Во долната зона ќе биде потребно за патеките да се направат кратки просеци низ шумата. Истата постапка ќе се повтори и за патеките C1 С2 кои пристигаат во истата зона.
Патеки С: Само патеката С6 бара неопходно уредување на еден краток карпест дел на гребенот по кој таа се спушта.

Патеките D и E: Не бараат уредување.

Други патеки: Постојаната патека на Копанки е многу тесна за да
може да им ја пружи потребната сигурност на такмичарите. До толку повеќе што инсталирањето на некаква жичана направа неопходно за вистинско користење на оваа патека, би барало сечење на голема површина дрвја во една од најубавите шумски зони на Националниот парк Пелистер, и затоа би требало да се одбегнува секакво ново уредување на оваа патека. Патеките на Маловиште (У) и на Скркова Нива бараат исто така просеци во шумата.

ИЗВОР НА ПРЕДЕЛ ЗА ЦЕНТАРОТ (3)…продолжува