Малку за карантинот и за сите вас кои “Не сте против луѓето, ама оти баш во Епинал?”
1. Слика бр.1: Вака изгледа вообичаен оброк.Се доставува пред врата, приборот е пластичен за еднократна употреба.
2. Слика бр.2: Средства за дезинфекција, вреќи за ѓубре и сл. Оставени во собите, со цел гостите самостојно да ја одржуваат хигиената во истите.
3.На секој спрат има полиција која стриктно нагласува дека никој не смее да мрдни од соба (во спротивно ќе има ригорозни казни).
Малку упростено… Секој онај кој е во карантин во тие 14 дена ќе нема апсолутно никаков контакт со надворешниот свет… Ни роднини, ни кувари, ни чистачки, ни дилери во казиното. 😉
Уште малку доупростено за сите “стручни лица”. Многу побрзо ќе се заразите од некој при чекањето ред на 20 сантиметри пред банка, маркет, на пазар и слично од колку од овие кои ве “загрозија и ви го окупираа светиот бастион во срцето на градот”.
Ќе се заразите и од оние кои ќе ја кријат болеста од страв и срам од јавната осуда,наместо да се поддржат истите и да знаат дека кој и да заболи треба да добие поддршка и помош… Дај боже никој да не заболи, но тоа не е можно.
п.с. Во тој хотел, а веројатно и во Молика, единствените два во Битола кои исполнуваа услови и се пријавија да сместат повратници (се пишува повратници, а не заболени како што стручно веднаш ги оцрнивте) има по некој ваш комшија, школски другар, познаник. Фино би било да им однесете по некоја вода, овошје или витамини. Оставете на рецепција, полицијата ќе им ги достави во собите. Гарантирам дека живи ќе излезите од таму, без последици. Себичност, неинформираност, шпекулации… Тоа е полошо и побрзо убива од Короната.
Горан Пинза