Оперативна поддршка и анализа (ОСА) може да се разбере како алката која ги поврзува компаниите со нивните клиенти. Во секојдневниот опис на работата, овие професионалци се соочуваат со разни проблеми, односно се наоѓаат на прва борбена линија. Нивната главна цел е одржување на стабилноста на системите и намалување на домино ефектите. Со други зборови доколку откаже некој од системите, да не се дозволи тоа да продолжи и со останатите системи (да се избегне домино ефектот), туку да се детектира проблемот навреме и да се реагира соодветно.

За да разбереме подобро што точно претставува оваа популарна и високо платена област од ИТ индустријата, решивме да направиме кратко интервју со Борко и Никола од IWConnect. Тие работат долго време во оваа област и веруваме ќе успеат да ви пренесат подобро зошто токму ОСА е една од областите за која се бара човек повеќе.

Борко, како се одлучи да работиш во оперативна поддршка?

Отсекогаш имав желба да работам со конфигурирање на сервери, да ги истражувам серверите да наоѓам работи и детали што другите не би ги нашле, и да решавам проблеми што би се појавиле и за кои не би се сетиле лицата кои го правеле софтверот. Така што, во мојата работа во IWConnect ја добив токму таа шанса, и од тогаш го работам тоа што го сакам.

Никола, што е најважно за да се биде добар во полето на оперативна поддршка?

За да се биде добар во полето на оперативната поддршка најпрво мора да ја сакате својата работа да бидете подготвени да вложите многу голем труд, време итн. За да се биде добар во ова поле не е потребно само едно познавање од ИТ индустријата, тука мора да се усовршите во повеќе алатки и насоки бидејќи во одреден момент ќе се соочите со задачи кои не се така едноставни.

Борко дали секој може да изгради кариера во оперативна поддршка? Што е потребно да се биде професионалец во тоа поле?

Да, јас мислам дека секој може да се стекне со знаење и да ја работи оваа работа. Како и во секоја друга работа најмногу треба труд, трпение, внимание и нормално за процесот да е целосен може да се запише на курсот кој што го нудиме во IW Едукативниот центар.

Никола како и дали некој може од нула да стане експерт во оперативна поддршка?

Секако дека може секој кој што е подготвен да се вложи и насочи во оваа област може да стане експерт, без разлика на тоа дека започнал од 0 или не. Треба да сме свесни дека мора да читаме и учиме многу различни работи и алатки кои ќе ни бидат потребни за работа во секојдневието. Почнувајќи од бази на податоци, пишување и извршување на скрипти, измени од страна на девелоперите, деплојменти, автоматски тестирања и мониторирање се само дел од работите кои се потребни за да се стане експерт во ова поле.

Колку компаниите имаат потреба од оперативна поддршка?

Секоја сериозна компанија има барем по еден или двајца инженери кои што ја работат оваа работа, и во најблиска иднина компаниите се повеќе и повеќе ќе имаат потреба од ваков кадар и ќе ја осознаваат важноста на вакви типови на инженери.

Дали тоа е професија која сѐ повеќе ќе се бара во иднина?

Да, јас мислам дека во оваа професија има иднина, и со ситуацијата каква што е КОВИД вирусот и дигиталната трансформација што ја потегна, вакви ресурси ќе бидат многу ценети бидејќи тие се луѓето кои што ќе ги држат системите online и да работат без проблеми.

Кои сѐ компании ја користат оперативната поддршка?

Оперативната поддршка во моментот е најзастапена во поголемите компании кои имаат свои продукти или пак имаат апликации кои мора да се достапни за потрошувачите 24/7. Но ова не застанува тука, се почесто и помалите компании имаат тимови кои го работат токму овој дел каде корисниците мора да бидат 100% задоволни од услугите. Големите компании се свесни дека мора да имаат одлична покриеност и функционалност на системите, па така формираат цели тимови кои го работат токму ова.

Дали во Македонија има доста професионалци во полето на оперативна поддршка?

Да, секако дека има, има неколку сериозни компании вклучувајќи ја и нашата кои ја нудат токму оваа оперативна поддршка, па така мислам дека сите компании кои ја нудат оваа работа имаат многу зголемена побарувачка, бидејќи во време на пандемија буквално 90% од бизнисите работат преку Интернет и сите сервиси и апликации мора да функционираат и да бидат достапни во секој момент.

Каде може некој да се усоврши во тоа поле доколку има желба?

Во ова време на развиена ИТ технологија и достапност на интернет видеа, може да се следат некои инструкции, но од друга страна не е доволно. Ние го нудиме нашето искуство и знаење во форма на курс кој што можете да го следете и да добиете правец и помош во учењето од личности кои веќе еднаш го поминале патот .

Која е според вас иднината на оперативна поддршка?

Иднината според мене се движи во полето на Вештачката Интелигенција и Машинското Учење, каде што токму со овие методи кои допрва се очекува да земат замав, многу полесно и поточно ќе бидат следени сите процеси, ќе се намали времето на решавање на проблемите, а услугата кон самите корисници значително ќе биде постабилна.

Дали некој може да се вработи во IWConnect после завршување на курсот?

Да секако! Целта на курсот е токму тоа, да создадеме професионалци кои во иднина ќе бидат наши колеги. Затоа не чекајте и пријавете се уште денес.