Кафана Битољ во Белград, Република Србија. Бабам Битола во Белград на 500 километри, звучи како интересен предизвик за откривање и со големо интересирање и љубопитност започна нашиот разговор со сегашниот сопственик Александар Миленковиќ…

Здраво Александар, Ве поздравуваме од Битола. Од каде доаѓа вашето име Битола (Битољ) на најпознатата белградска кафана, која е нејзината историја, нејзин основач и како сето тоа се случило низ годините?

Ех, најпозната можеби не, но дека е меѓу најстарите кафеани во Белград за тоа сме сигурни.
Кафеана Битола беше отворена 1939 година од страна на мојот дедо Наум Миленковски од село Брезово, Демир Хисар во близина на Битола. Наум се преселил во Белград во почетокот на 1930-тите години. Прво работел со пекарница, а потоа по неколку години, тој отвори кафана/ан веднаш до неа. За време на комунизмот кафаната/анот бил национализиран т. е. не беше дозволено да го работат приватни лица и беше во рацете на угостителска компанија Мадера од Белград. За наша среќа тоа траеше десет години и кафеаната се врати во наша сопственост. Најповеќе за тоа е заслужен синот на Наум, Мита, кој е борец-партизан и загина на Сремскиот фронт во Втората светска војна.
Нејзините сопственици генерација по генерација наизменично се менуваат, задржувајќи го нејзиниот автентичен лик од Наум, па Трајко, Александар, Мита …

Јас како сопственик на четвртата генерација на ресторанот се гордеам со нејзината историја и работа која ја работам. Се разбира дека целото семејство се вклучени во бизнисот.
Често нашите гости доаѓаат од Македонија и се радуваат да видат и да слушнат дека еден ресторан баш вака се нарекува.
Приказната има многу повеќе за раскажување и ве покануваме да не посетите, а ние сме тука и ќе ви раскажиме.

Која е вашата локација во Белград и каде нашите битолски сограѓани можат да ве најдат?

Ресторанот Битола се наоѓа во населбата Крњача, над Панчевски мост, на 6 километри од центарот на Белград на патот Зрењанин на број 39.

Какви видови на јадења имате и дали имате фотографии од Битола во вашиот амбиент?

Менито е многу разновидно и содржи специјалитети за вкус на секого. Се разбира, со фотографијата на стариот часовник-кула од Битола е украсена централната гостинска соба.

– Дали имате некој убав настан во сеќавање кој би бил интересен за нас и битолчани или за градот Битола?

Г-динот Ѓорги Желчески е гостинот кој најповеќе не посетува од вашата земја, и оваа година ќе биде прославата на 80 годишнината од отворањето на ресторанот. Ги очекуваме нашите драги гости од секаде наоколу и ќе имаме оркестар од Битола за нашата љубилејна прослава.

– Дали понекогаш ја пеете познатата песна “Битола Мој роден град”?

Битола, мој роден крај кај нас во ресторанот е како химна, така што по неколку чаши вино се пее почесто 🙂

-Што би им препорачал на граѓаните на Битола?

На граѓаните на Битола им препорачувам да го чуваат вашиот прекрасен град и старата чаршија кои се убави места за посета и кои ги нема ниту еден град во Македонија.

За крај многу поздрави за нашите стари кумови од Битола и кумството кое трае подолго време, поздрав и до чуварите на битолската музичка традиција оркестарот Фонтана од Битола.

“И, наравно живи били и изволите на гости.”

Ваш Александар Миленковиќ

Кафана Битољ Београд

[email protected]
www.facebook.com/KafanaBitolj
www.kafanabitolj.rs