Селекторот на женската селекција на Македонија, Кирил Изов со цел подобрување на формата на репрезентативките во пресрет на продолжението од европските квалификациите за пласман на СП 2023 година во спортскиот центар Истатов ја повика и нашата 15 годишната Јована Павловска, фудбалерка во фудбалската школа Атлетико од Битола.
– Фудбалерката од нашиот клуб Јована Павловска е повикана на припремите во Дојран . Ова досега не се има случено и е првпат некоја толку млада со само 15 години да биде повикана за најстарата фудбалска селекција на Македонија.
Повеќегодишните напорни тренинзи и вложувања во неа и нејзиниот талент започнаа да излегуваат на површина и ми е мило што успеваме да создаваме квалитетни играчи и фудбалерки…. ни пренесе нејзиниот тренер Никола Гелевски Бел.