17-ГОДИШНАТА ВЕРОНИКА КОЧОВ СО САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА ВО БИТОЛА – „КОЈА Е СУПЕРДЕВОЈКАТА?“

од • September 10, 2026 • 0 коментари

Младоста, талентот и уметноста ќе се сретнат во битолската Магаза, каде од 11 до 13 септември 2026 година ќе биде поставена самостојната изложба „Која е Супердевојката?“ на младата, само 17-годишна Вероника Кочов.

Иако е на самиот почеток од својот животен и творечки пат, Вероника преку своите дела храбро го претставува сопствениот уметнички свет. Преку боја, портрет и личен израз, младата авторка отвора искрена приказна и ја поканува публиката да го открие одговорот на прашањето – „Која е Супердевојката?“.

Самостојна изложба на само 17 години е убав показател дека Битола има млади луѓе кои создаваат, сонуваат и имаат што да ѝ кажат на публиката преку уметноста.

Изложбата е во организација на „Порака Нова“ и НУ „Завод и музеј“ – Битола.

📍 Магаза – Битола

📅 11–13 септември 2026 година

🕐 Отворање: 13:00 часот

🎨 „Која е Супердевојката?“ – Вероника Кочов

Да ја поддржиме 17-годишната Вероника и младите битолски таленти кои со својата креативност создаваат нови и убави приказни во градот. ❤️

Babam Bitola

Comments are closed.