Пред околу два месеци, IW4U го објави својот нов голем проект – реконструкција на спортски комплекс во Брусничка Населба во Битола. Првата фаза од проектот вклучуваше реконструкција на кошаркарското игралиште од спортскиот комплекс и истиот успешно беше завршен. Токму пред новогодишните празници ⋮IWConnect преку својата платформа за донирање IW4U приреди изненадување за најмалите – целосна реконструкција на детското игралиште во склоп на спортскиот комплекс, а со тоа успешно беше завршена и втората фаза од проектот точно пред Нова Година. Во прилог слики од детското игралиште.
Од компанијата изразија благодарност до сите кои беа вклучени во успешното завршување на овој проект, и со нетрпение очекуваат да ги видат разиграните и насмеани лица на децата во овој дел од Битола.
Овој проект е само еден од многуте начини да го направиме местото во коешто живееме барем малку подобро и се надеваме дека ќе служи како инспирација за останатите.
Сите активности кои се реализирани и се во план да се реализираат се во склоп со вредностите по кои се раководи ИТ компанијата ⋮IWConnect, а тоа се интегритет, постојан авантуристички раст, амбициозна фамилија и чувство на исполнетост.
За повеќе информации за ⋮IWConnect заследете ги нивните профили на социјалните мрежи Facebook, Instagram, LinkedIn или посетете ја нивната вебстрана www.iwconnect.com