По Октомвриската револуција во 1917 година, голем број руски сликари, скулптори, писатели и глумци бегаат од болшевиците и се селат во Србија. Помеѓу двете светски војни, во Белград живееле и работеле повеќе од 30 руски сликари и 5 руски скулптори, Еден од нив е и Иван Јустинович Мелников (Иван Иустинович Мельников) (27. 08. 1896, Санкт-Петербург – ?).

Во моментот на Црвената Револуција , Мелников е студент на престижната Царска Ликовна Академија на Санкт Петерсбург. Татко му Јустин е одликован руски морнарички офицер кој учествувал во Руско-Јапонската војна. Во Октомвриската револуција , Ленин ја поразува „Белата Армија“ и започнува со масовни егзекуции на руските офицери. Семејството Мелников бега во Србија за да спасат жива глава од комунистите. Во Србија, Мелников започнува да го проучува српското средновековно црковно сликарство посетувајќи ги српските цркви и манастири. Самиот ги практикува старите техники за цртање икони и фрески, посетувајќи ги српските цркви и манастири. Неговиот висок квалитет во фрескосликарство го приметива српскиот владика Никола кој го праќа во Македонија да ги возобнови разрушените македонски цркви.

Состојбата на македонските цркви после крајот на Првата светска војна била траорна. Најубавите македонски икони и артифакти биле давани како подароци на краловите и генералите кои ја ровареле Македонија. Денес овие икони се во колекциите на музеите во Белград, Софија, Лондон или Париз. Единствено Австро-Унгарците и Германците за време на Првата светскја војна имале наредба со казна затвор против крадење на религиозни или историски артифакти од териториите на Македонија и Албанија. Помалку вредните икони икони биле земани од војниците кои ги носеле под војничкот шинел за да ги чуваат од куршум или болест. Вековните фрески се распаѓале под забот на времето.

Мелников се населува во Битола во 1921, која била собиралиште на образовани руски интелектуалци кои одлично се вклопиле во космополитанскиот дух на градот. Битола вриела од Руски сликари. Покрај Мелников, во 1920тите години во Билота работеле и Георгиј Канарев, Јосиф Муравич и Евлогиј Двораковски.

Мелников специјализира во иконосликарство. Првата македонска црква кај што Мелкиков цртал фрески е Свети Никола во селото Наколец, Преспа . Во 1926 година, битолските Руси сѝ градат своја црква – Света Троица каде што фреските се насликани од Мелников. Во Битола Мелников ги слика и црквите Света Петка, Свети Петар и Свети Павле. Работел и во црквата Свети Никола во Струга, Свети Анастасиј крај Свети Наум во Охрид, три иконостаси во Манастирец крај Дебар, Св. Теодор Тирон во Српци крај Битола. Света Богородица во Трново Магарево како и фрески во манастирот Калиште. Св. Никола во Сопотница , и многу други цркви низ Македонија.

Мелников покрај што бил сликар, бил и педагог. Бил учител во својата работилница во Битола, каде што ги обучил првите генерации на македонски зографи (на пример Никола Крнчев) но исто така ги користел своите руски врски да го промовира македонското фрескосликарство кај експертските крувови во Париз (Друштвото за икони во Париз / L’Accotiation L;Icone) и Прага (Институтот Кондаков) .

Мелников е и Македонски зет, во 1934 во Свети Наум во Охрид направил свадба со Битолчанката Христула Василевич од татко Спиро Василевич и мајка Василка Василевич од Битола).
Во 1950-тите години , Тито и Сталин се скарале, па позицијата на Русите во Југославија станува неподнослива. Мелников и сопругата Христула емигрираат во Америkа каде што и умираат.

Доколку одите по црквите во Битола, погледнете ги внимателно фреските. Доколку во долниот агол го здогледате монограмот „И.М“ и годината (1927 или друга) – тогаш тоа е фреска од Мелников. Уживајте во мајсторството на фреската насликана од овој голем руски иконописец и педагог.

Artlexicon

Извор на информации: В. И. Косик – Рожденные в Санкт-Петербурге: русские художники в Югославии (УДК 75-051(470.23-25):7.036(497.1))

Поврзано: ИСТОРИЈАТА НА РУСКАТА ЦРКВА ВО БИТОЛА