По донесениот заклучок во Советот на Општина Битола, претседателката на Советот Габриела Илиевска достави барање до Владата на РМ за помош по претрпените штети од земјотресот.

Денес во Битола доаѓаат претставници на Владата на средба со градоначалникот,
претседателката, како и пратениците од Битола.

Владините претставници ќе ги добијат сите информации за состојбата на терен, како и за
активностите кои се преземени во претходните денови, ќе разговараме и за понатамошните постапки и начинот на кој заедно можеме да помогнеме на битолчани.