БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Од 1986 година тим на искусни фармацевти, хемичари и козметолози создаваат висококвалитетни и иновативни производи, комбинирајќи го најчистото, најбогатото и најдоброто од природата во 16 различни палети на производи со логото на EURITALIA, којашто од 2008 година е дел од групацијата COSWELL.

Водена од грижата за здравјето, професионализмот и иновативноста, примарна цел на компанијата се задоволните клиенти и здравите пациенти насекаде низ светот.

Користејќи ги благодетите на бактериски најчистата и минералошки најбогатата морска вода од Медитеранот (регионот на Чинкве Тере) COSWELL ги пласира производите ISOMAR коишто со својот избалансиран состав нудат лесно и брзо одржување на секојдневната хигиена на носот, ушите, устата и очите.

Широкиот спектар на производи овозможува делотворна заштита од настинки, инфекции, воспаленија, респираторни алергии, синуситис, ринитис, иритации, печење и чешање на очите, кои се јавуваат како резултат на штетното влијание на бројни алергени, патогени, вируси, бактерии, прашина, чад, полен и сл.

ISOMAR NOSE ALLERGY SPRAY е докажано и проверено решение во справувањето со респираторните алергии кај деца и возрасни.

Благодарение на богатиот природен состав спрејот ја смирува и навлажнува иритираната носна слузокожа, што помага во ублажувањето и отстранувањето на симптомите на алергиски ринитис.

Притоа делотворноста на ISOMAR спрејот за алергии е резултат на внимателно избраната комбинација на:

Прочистена изотонична морска вода (0,9% натриум хлорид) којашто помага во чистењето на носната празнина;

Бета-глукани, природни квасни супстанци со имуностимулативни својства, кои ги спречуваат сушењето и појавата на црвенило на носната слузокожа;

Алое вера и црн слез задолжени за создавање на тенок заштитен слој, којшто го оневозможува контактот на алергените со надворешната средина;

Етерично масло од евкалиптус кое делува антисептично и противвоспалително, давајќи чувство на свежина во горните дишни патишта.

Производите на ISOMAR можете да ги најдете во аптеките на ЕУРОФАРМ и во сите подобро снабдени аптеки.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here