Светско а наше! 😀 Гордо и непрекинато зборуваме за нашиот Исмаил Лумановскибитолчанец, македонски и американски брилијантен, бестрашен млад кларинетист.

И не само ние, за неговите настапи зборуваат и пишувале пофални зборови бројни музички критичари и угледни медиуми како New York Times.

Исмаил свири кларинет од 8 годишна возраст, а денес посветен на музиката од класичен стил, извонредно импровизира и изведува македонска, турска и ромска музика.

Не може а да не се спомене неговиот успех, музичка диплома од престижниот Juilliard School of Music од Њујорк, светски награди, стипендии, едукација во Менхетен, Њујорк, како и за светските настапи во САД, Европа, Блискиот Исток и Кина.

На професионален план соработува со извонредни и талентирани музичари како: KhalifeMarcel, Al Di Meola, HusnuSenlendirici, Ivo Papazov, Selim Selser, Vasilis Saleas, SelloaneNkhela, ZulfuLivaneli и Yeni Turku.

На 17-ти Август, по долгата турнеја низ светот доаѓа да настапува во својата земја и тоа на летна тераса Широк Сокак во Хотел Епинал, Битола.Ветуваме, ова ќе биде настан за кој сите ќе зборуваат. 😉 Ве очекуваме!!

.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here