“Кога во 2007 година за прв пат (имаше и втор пат) бев на работна задача во Каиро преку Министерството за надворешни работи, ги посетив и пирамидите. На моја среќа, бев една од ретките со дадена можност да влезам во Кеопсовата пирамида, бидејќи за тоа треба посебна дозвола од Египетското министерство за заштита на културното наследство. Се влегува со лазење нагоре, со едвај можност за воздух. На ист начин, со лазење, чекор по чекор, се излегува и назад. Толку е тешко, што не се препорачува на лица кои имаат било каков здравствен проблем. Кога ќе се навлезе во центарот на пирамидата, се пристигнува во Одајата на кралот Куфу. Од овде нема фотографии, бидејќи се е темно. Но, може да се почувствува посебна енергија, ретка, практично невозможна. Деновиве гледам нови откритија околу оваа пирамида и ми е посебно драго, што сум една од ретките во светот, која успеала да влезе во централната внатрешност на Кеопсовата пирамида”… напиша како свој фејсбук статус битолчанката Емилија Сарафска