Како што официјално информираа од Дирекцијата за спасување и заштита денес на 15.05.2020, од рано изутрина беше започната потрагата по лицето кое се води како исчезнато од 13.05.2020 г.
Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување за спасување од планина, надополнет со уште неколку членови, по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжија со пребарување на теренот и потрагата по исчезнатото лице.
Лицето кое се водеше како исчезнато од 13.05.2020 г., е пронајдено паднато во провалија на Тумбе Кафе од страна на Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола.
Владимир од падот имаше видни повреди по целото тело и покажуваше знаци на живот заради што со возило на Итната медицинска помош беше пренесен во битолската болница.
Оваа информација е потврдена и од семејството кои се заблагодарија на сите учесници за огромната помош во потрагата.
Моментално се наоѓа во Клиничка Болница Битола каде се опоравува и е во добра здравствена состојба.