Иновативниот уред IQOS кој претставува подобра алтернатива на пушењето цигари ќе може да се најде во рамките на IQOS караванот, моментално поставен во Битола. Неговата локација е во уличката помеѓу Магнолија-Грне и Јени Џамија во Битола и ќе работи од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

Освен во Битола, овој уред е достапен и во продажните партнери во повеќе други градови во земјата. Во главниот град Скопје има вкупно пет IQOS зони и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол и мобилната зона која се наоѓа во Веро Тафталиџе. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку веб-продавницата.

Уредот е резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 8 милијарди долари. Достапен на 71 пазар во светот и вкупно го користат 19 милиони луѓе, од кои 13,2 целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива.