Во пресрет на патрониот празник Преподобен Нектариј Битолски, тимот на InterWorks со помош на ЈП Комуналец Битола засадија јаворови дрва во централното градско подрачје, односно на улица Солунска, а следната недела ќе се засадат и липи на улица Иван Милутиновиќ.
Минатата година ја започнавме акцијата „Дај свој придонес, засади дрво!“ и оваа година повторно ја продолжуваме. Во март го завршивме првиот дел од оваа акција, а денес го завршивме вториот дел за оваа година.
Поткрепени со повеќе информации и знаење, избравме да засадиме јавори, бидејќи покрај тоа што се препознатливи за овој регион, јаворите се одлични борци во битката против загадениот воздух… ни пренесе Рената Ѓоршевска од Интерворкс
Минатата вечер, Битола беше најзагаден град со ПМ честички, односно повеќе од 800 микрограми на метар кубен, па се надеваме дека со оваа акција како и со следните ќе се подобри барем малку состојбата со загадениот воздух.