hdr

18 јули 2018 г.

Во текот на денешниот ден (среда) како и утре (четврток) на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН ВЕТЕР од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот.

Времето во Битола ќе биде сончево и ветровито, повремено со умерена облачност а повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност и ќе има услови за локален слаб дожд а има услови и за ретки грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот денес (среда) ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени додека утре (четврток) ќе бидат уште пониски и истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени.

НАПОМЕНА: Повторно влегуваме во период со температури кој се несвојствени за овој дел од годината односно истите ќе бидат под просекот за овој летен дел од годината.

За подетални информации контактирајте на официјалниот фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.