Со тага ја пренесуваме веста дека почина Илија Темелковски, човек кој целиот свој живот и професионален пат го посвети на ракометот.

Тренер, педагог и визионер, име кое остави длабока трага во македонскиот спорт.

Темелковски беше дел од повеќе клубови низ својата долга кариера, меѓу кои и Еурофарм Работник, каде важеше за вистински лидер и спортски учител.

Како селектор на машката репрезентација на Македонија, го предводеше националниот тим на Светското првенство во 2009 година во Хрватска, каде што Македонија го оствари историското 11-то место.

Од ракометната јавност беше почитуван како човек со интегритет, знаење и љубов кон спортот и младите генерации.

„Загубивме вреден спортски работник и пријател,“ порачаа од клубот Еурофарм Пелистер.

Погребот ќе се одржи утре (14 октомври 2025) во 11:00 часот, на Градските гробишта – Бутел во Скопје.

Нека му е лесна земјата.

Вечна слава и благодарност за сè што остави зад себе.