Со интонирањето на државната химна, оваа недела, на 25 август на Олимпискиот базен во Битола се одржа 8-миот натпревар во пливање “Император Куп” 2019.Натпреварот го отворија најмладите натпреварувачи со пливачки помагала ( даски и боци) кои први ги разбрануваа водите на Олимпискиот базен во Битола.Потоа зедоа учество над 70 натпреварувачи од пливачките клубови низ нашава земја и тоа : СПД” Олимпик”-Битола, ПК “Југ”-Битола, ПК”Челични” – Штип, ПК”Орион” – Скопје, ПК”Скопје” – Скопје, ПК “Вардар”- Скопје.
Тие се натпреваруваа во 7 категории : 2012 и помлади, 2011, 2010, 2009, 2008, 2006 -2007 и 2004 -2005. Тие беа поделени на машки и женски групи во следниве дисциплини : 50 м. слободно, 50 м. градно, 50 м. грб, 50 м. делфин и 100 м. краул.Организатор на натпреварот беше СПД “Олимпик” од Битола и тренерот Кире Марков, кој што истакнува дека имавме еден успешен натпревар кој што немаше да биде на ова високо ниво ако тука не беа спонзорите кои што го поддржаа, како и родителите на пливачите од СПД “Олимпик” кои несебично се вложија во целосната организација на натпреварот.Tој исто така додава дека ова е многу важен настан за градот Битола и битолчани и се надева дека во блиска иднина ќе добиеме и затворен базен на кој што талентираните деца ќе го развиваат својот талент, а Битола ќе има со што да се гордее.Се надева на уште поголема поддршка во иднина и дека овој натпревар ќе остане во традиција, со што кај младите луѓе ќе се популаризира пливањето како спорт и ќе се подигне натпреварувачкиот дух на многу повисоко ниво.Честитки за сите!