Нашата најпознатата битолска улица Широк Сокак досега неколкупати го менувала името. Била нарекувана по султани, српски кралеви, бугарски цареви, југословенскиот маршал, Корзо и сега на крај битолчани да си го наречат само Широк Сокак.

Широк Сокак првин бил наречен „Хамидие Џадеси“ според турскиот султан Хамид и неговата славна коњаница која се викала Хамидие. По победата на Младотурската револуција од 1908 година Широк Сокак кратко време се вика „Уриет” или “Хуриет”…

…па повеќе од дваесет години „Крал Петар“ за СХС, три години за време на втората светска војна „Цар Борис Трети“ според бугарскиот цар, и најдолго во времето на СФРЈ се викаше „Маршал Тито“ . Битолчани најповеќе милуваат да ја викаат Корзо.

Денес сите имиња се дел од луксузните соби Робевски, меѓу кои ги има и собите на Кемал Атарурк и Хорот на Стив Наумов кој престојуваше во тукашните простории.

Посетете ги луксузните соби на најубавата улица во Битола, слободно букирајте или контактирајте ги на овај ЛИНК.